Прескокни на содржина
ФК Беласица

1920-ти

„Беласица 1922–1926“

Екипна фотографија на ФК Беласица — „Беласица 1922–1926“

Преглед

Беласица е формирана на 13 август 1922 година, во кафеаната на Ташо Тодоров. Клубот бил наречен Беласица, а сино-белата била избрана за официјална боја. За прв претседател бил избран Ѓорѓи Москов, прв секретар бил Томе Кујумџиев, а благајник Ристо Перов. Првата фудбалска топка клубот ја купил од Загреб, од членарината што ја плаќале играчите на овој клуб. Првите фудбалски дресови клубот ги има купено на 22 април 1923 година. Најголем дел од членовите на Беласица, во првите години од постоењето, биле занаетчии. Клубот на почетокот имал и своја оркестарска група. Првото фудбалско игралиште било направено кај трите јавора, до Ќерамидарката на Галевци. Потоа, игралиштето било преместено кај што е денес. По Беласица, во февруари 1923 била формирана Тиверија, а во 1925 година и Шумадија. Во времето на третиот претседател, Милутин Кажиќ, игралиштето било оградено со штици. Првиот натпревар Беласица го одиграла против Победа од Скопје и го изгубила со резултат 0:1. Беласица играла во состав: Ставре Атанасов на голот, бекови Илија Маказлиев и Д. Радоњиќ, во задната линија Киро Панов, Мито Аџикотаров и Миљо Урдинов, во нападот Павловиќ, Сандо Морарцалиев, Ѓорѓи Цинцев, Цветко Миладиновиќ и Васил Џинев. Прв капитен на тимот бил Ѓорѓи Цинцев. Покрај овие играчи, во Беласица овој период настапувале и: Јанко Аџијанков, Томе Кујумџиев, Кирил Динков, Митко Кабранов, Спиро Маказлиев, Ристо Ќосев, Ѓорѓи Србаков... Прв тренер на Беласица бил Усни бег, кој по Првата светска војна, пак се вратил од Турција во Струмица. Беласица во првите години од своето постоење најчесто играла против Тиверија и Гарнизонот на војската во Струмица. Беласица исто така често гостувала или пречекувала екипи од Гевгелија, Радовиш, Штип, Велес, Скопје, Битола... Во 1924 година Беласица тргнала на голема турнеја и гостувала во: Скопје, Ниш, Белград, Нови Сад, Сараево, Мостар, Дубровник и Сплит. Истата, 1924 година есента, Беласица била вклучена во рамките на натпреварите на „Београдскиот лоптачки сојуз“, но првиот натпревар во четвртфиналето го добила службено против Бабунски од Велес, а вториот го изгубила службено со 0:3 од Љуботен. Во 1925 година Беласица гостувала во Штип и играла против Брегалница, по повод пуштањето на пругата Велес - Штип. Во март, 1926 година, Беласица повторно го добила службено натреварот против Бабунски од Велес, но првенството не продолжило понатаму, бидејќи ќе биде формирана Битолската жупа. Во првите години од своето постоење, Беласица играла само пријателски натпревари.

Резултати

Книгата не наведува резултати за овој период. Поглавјето го опишува основањето на клубот на 13 август 1922 година и првите години од неговото постоење.

Тренер

Тренер: Усни Бег

Табела

Фотографија од табелата за „Беласица 1922–1926“, скенирана од изворниот документ

Фотографии