Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Зоран Трајковски

  • Играч

1987–1998

Биографија

Зоран Трајковски, еден од најдобрите играчи од средината на теренот на Беласица, во деведесеттите години на минатиот век. За Беласица има настапувано во 9 различни сезони, вкупно има одиграно 147 првенствени натпревари и постигнато 17 голови. Своето деби го има на 17 години, против Скопје, во октомври 1987 година. Од јануари 1989 до летото 1990 г., една и пол сезона игра на 46 првенствени натпревари за Тиверија во Првата македонска лига. Летото 1990 г. преоѓа во Беласица, а првиот гол го постигнува во ноември 1990, против Охрид. Од формирањето на македонската Прва фудбалска лига во 1992 година, па сѐдо 1998 година, во 6 сезони за Беласица одигрува 127 прволигашки натпревари. Во сезоната 1993/94 има одиграно најмногу натпревари за Беласица, вкупно 29. Во сезоната 1994/95 постигнува 6 голови и е трет стрелец на тимот зад В. Георгиев и Д. Хаџиосмановиќ.

Во сезоната 1996/97 со 4 голови е трет стрелец, а втор по бројот на настапи со 24. Во моември 1997 г. против Брегалница од Штип го дава својот последен гол. Последниот натпревар го игра против Победа во Прилеп, во јуни 1998 година. По испаѓањето на Беласица во 1998 година, заедно со Н. Танушев и П. Стојанов заминуваат во шампионот Силекс од Кратово. По година и пол во Силекс, оди во Куманово, а игра и половина сезона во Напредок од Кичево, а игра една сезона и во Саса

Кариера

Беласица

Настапи
147
Голови
17

Фотографии

  • Зоран Трајковски