
Зоран Начевски
- Играч
1992–2008 (со прекини)
Биографија
Зоран Начевски е поранешен фудбалер на Беласица, Кожуф, Плачковица, Малеш, Осогово, Тиквеш, Пелистер, Брегалница Штип, Нов Милениум, Турново, Јединство Бихаќ, Беласица Петрич, ... Начевски ја започнува кариерата во младинските категории на Беласица, но веќе на 15 години, во 1987 година заминува во НК Загреб. Останува во Загреб до 1991 година, кога започнува војната. На кратко оди во Германија во екипата на Вајтмар од Бохум, но се враќа во Беласица, пролетта 1992 година. За Беласица ќе дебитира во март 1992 против Мајданпек, а ќе игра и против Осогово во Третата југословенска лига - исток. Летото 1992 заминува во Кожуф, каде со овој тим, ќе успее да се изборат за влез во Првата македонска лига. Ја игра есенската полусезона во Кожуф во Првата македонска лига, по што во јануари 1994 година преминува во Плачковица. Летото 1995 преминува во Беласица. Својот прв гол за Беласица го постигнува против Рудар од Пробиштип. Во оваа сезона, 1995/96, Начевски ќе одигра 25 натпревари и ќе постигне 5 гола, играјќи во нападот покрај: Ј. Василев, П. Стојанов, П. Ристевски и Т. Атанасов. Најдобар негов натпревар му е против Осогово, кога ќе е играч на натпреварот и ќе постигне два гола. Летото 1996, Начевски заедно со Василев, Стојанов и Ристевски преминуваат во Плачковица од Радовиш, каде тренер им е Р. Јанушев и ќе играат во Втората македонска лига. Начевски по Јака ќе премине во екипата на Малеш. По добрите игри таму, Начевски ќе премине во екипата на Осогово од Кочани и со овој тим влегува во Првата македонска лига. Потоа, заедно со брат му, Мите, одат во Босна, каде првин ќе играт за екипата Посушје. Потоа, браќата одат во екипата на Јединство од Бихаќ, каде ќе ја освојат титулата, шампион на Босна, во сезоната, 1999/2000, а Зоран Начевски е најдобар странски фудбалер во Босна. Следната сезона, со Јединство, Зоран Начевси, ќе го освои второто место. Во летото 2001 година, се враќа во Македонија и преминува во Осогово. Во јануари 2002 година преминува во екипата на Беласица од Петрич, каде ќе игра во Првата бугарска лига. Летото 2002 година заминува во Тиквеш, за да во јануари 2003 премине во екипата на Пелистер. Есента 2003 година, Зоран Начевски игра во екипата на Брегалница од Штип и дава свој допринос во враќањето на Брегалница во Првата македонска лига. Во јануари 2004 година, се враќа во Беласица и ќе одигра 14 натпревари и ќе постигне 2 гола. Во нападот оваа сезона игра со: С. Јеловац, А. Муса, С. Пандев, П. Ристевски,... Ќе го одигра и првиот натпревар од следната сезона против Маџари, па потоа преминува во второлигашот, Турново. Во јануари 2005 година, заедно со неговиот брат, Мите ќе играат во второлигашот, Младост од Сушица и ќе го освојат 9-тото место. За Младост игра и есента 2005 година, но тимот за време на зимската пауза, заради недостиг на финансии се откажува од лигата. Потоа, Начевски преминува во екипата на Турново. Летото 2006 година се враќа во Беласица и ќе одигра 21 натпревар во оваа сезона 2006/07, во Втората македонска лига за Беласица. Во следната сезона, Начевски продолжува во Беласица и ќе постигне два гола во натпреварот против Вардар во Неготино. Вкупно во сезоната, 2007/08, ќе одигра 23 натпревари и ќе постигне 3 гола. Последниот натпревар за Беласица и во својата кариера ќе го одигра против Маџари, во мај 2008 година, на свои 36 години. За Беласица во 5 сезони ќе одигра 86 првенствени натпревари и ќе постигне 10 гола. Неговиот син, Славе Начевски ќе одигра 21 натпревар и ќе постигне 2 гола, во периодот од 2015 до 2017 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 86
- Голови
- 10
Фотографии

Зоран Начевски