Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Зоран Митевски

  • Играч

2012–2023

Биографија

Зоран Митевски, поранешен играч на Беласица, целата своја кариера ја поминува во Беласица. Во Беласица за прв пат е регистриран во 2008 година, на свои 13 години за настап во младинските категории. Ги поминува сите младински категории во Беласица, пред да започне да настапува за првиот тим. Досега има одиграно 230 натпревари, со што е на на 11-тото место на вечната листа со најмногу првенствени настапи. За првиот тим е регистриран во 2012 година кога започнува да настапува во сезоната 2012/13. Во сезоната 2013/14, на 4 натпревари е стартер, а на 10 натпревари влегува како замена и успева да постигне 3 гола. Веќе од следната, 2014/15, станува стандарден првотимец и сѐ до денес е стандарден во тимот, веќе 10-та сезона по ред. Од сезоната 2016/17, станува и капитен на тимот, кој ќе ја освои шампионската титула во Третата македонска лига - исток, под водство на В. Георгиев.

Во следната сезона, 2017/18, Митевски е капитен на тимот на Беласица, кој ќе ја освои титулата во Втората македонска лига - исток. Митевски ќе одигра 23 натпревари и ќе постигне 5 гола, со што ќе е петти стрелец во тимот, зад П. Георгиев со 16, М. Мирчевски со 10, М. Костовски со 9 и Г. Здравков со 7 гола. Своето деби во прволигашка конкуренција го има против Победа во Прилеп, во август 2018 г., на свои 23 години. На крајот од сезоната, 2018/19, Митевски има 29 натпревари, исто колку што имаат и А. Милушев и З. Балдовалиев, а повеќе настапи од нив ќе имаат само: Н. Вујанац и Ј. Серафимовски по 32, Д. Стојков и В. Дробаров по 30. Со Беласица ќе игра и полуфинале против Македонија од Ѓорче Петров, но на два пати ќе изгубат со по 0:1. Во сезоната 2019/20, која е прекината поради пандемијата ковид, Беласица успева пак да се врати во Првата македонска лига.

Во својата втора сезона во Првата македонска лига ќе постигне 2 гола, првиот против Академија Пандев, а вториот против Борец во Велес. Митевски во оваа сезона, 2020/21, ќе одигра 23 натпревари, а со 2 гола е само еден од четирите играчи (Калановски 8, Сулев 2, Демир 2) на Беласица, кој постигнуваат 2 или повеќе гола. Беласица повторно испаѓа од лигата. Во сезоната 2021/22, Беласица во бараж-натпреварот против Скопје нема да успее да се врати во Првата македонска лига, а Митевски ќе одигра 25 натпревари. Во сезоната 2022/23, игра на 28 натпревари, а во есенската полусезона 2023 г., игра на 13 натпревари. Митевски последните 5 сезони од својата кариера е заменик-капитен на тимот и заедно со Ј. Серафимовски, А. Милушев и С.

Сулев се единствените четири играчи на Беласица кои имаат по над 180 првенствени натпревари и минимум 8 сезони за Беласица и се симбол за Беласица во последните 10 години.

Кариера

Беласица

Настапи
230

Фотографии

  • Зоран Митевски