Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Зоран Митев

  • Играч

1984–1998

Биографија

Зоран Митев е поранешен центарфор на Беласица, Шибеник, Пелистер, Силекс, Тиверија,...

Зоран Митев ги поминува младинските категории на Беласица и за првиот тим дебитира во април 1984 година против Тетекс во Тетово, во рамките на Втората југословенска лига - исток. Митев ќе го игра и натпреварот во последното коло против Пелистер во Битола. Есента 1984 година игра против ОФК Титоград, по што во зимскиот преоден рок заедно со неговиот брат, Васе одат на позајмица во Тиверија. Пролетта 1985 година играт во дресот на Тиверија покрај: Попов, Иванов, Михајлов,... Летото 1985 година, Зоран со брат му Васе преоѓаат во Силекс, каде веќе игра М. Шијаков. Митеви ќе останат во Силекс две сезони, а Зоран Митев ќе биде главен стрелец на тимот. Силекс во сезоната 1985/86, со нив станува шампион на Меѓурегионалната лига - исток, а следната сезона во Првата македонска лига. Во летото 1987 година, Зоран и Васе Митеви се враќаат во Беласица. Во есенската 1987 година, Зоран ќе бриљира во нападот и ќе постигне 9 гола, при што во натпреварите против Тиквеш, Скопје и Кожуф постигнува по два гола. Во офанзивата игра покрај: Г. Узунов, Ж. Савов, З. Зајков, П. Андреев, А. Пандев и Ј. Карајанов. Вкупно во сезоната, 1987/88, одигрува 29 натпревари. Во квалификациите 1988 година, З. Митев влегува во три натпревари од клупата и помага Беласица да го постигне својот најголем успех во историјата. Сезоната, 1988/89 година ја започнува со голови против Борац од Бања Лука и Сутјеска, а ќе биде стрелец и против Шибеник и Нови Пазар. Со 4 гола е прв стрелец на Беласица пред Узунов и Савов со по 3 гола. Во пролетниот дел ќе постигне уште два гола против Пелистер и Раднички од Крагуевац и со 6 гола на 28 натпревари е прв стрелец, заедно со Савов. Летото 1989 година, заминува во Шибеник и игра за овој тим во Втората единствена југословенска лига. Потоа, се враќа во Пелистер од Битола, каде ќе игра исто така во Втората југословенска лига, но повредите ќе го спречат во неговиот развој да стане еден од најдобрите напаѓачи во Македонија. Во Беласица ќе се врати летото 1997 година и во есенскиот дел ќе постигне два гола на 7 натпревари. Пролетниот дел ќе одигра уште два натпревари, кои ќе се негови последни за Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
68

Фотографии

  • Зоран Митев