
Зоран Ивановски
- Играч
2019–2023
Биографија
Зоран Ивановски е сегашен играч на Брера, а има играно за Беласица, Детонит и Брегалница од Штип. На 11 годишна возраст стартува во младинските категории на Академија Пандев и ги поминува сите преку пионери и кадети, па се до младинци. Ивановски настапувал и за младинските репрезентации на Македонија до 16, 18, 19, 20 и 21 година. Во сезоната, 2018/19, Ивановски настапува и на три натпревари за првиот тим, а во оваа сезона Академија Пандев го освојува и купот на Македонија. Летото 2019 година преминува во Беласица, на свои 19 години. За Беласица дебитира против Кит-го Пехчево во рамките на Втората македонска лига - исток. Ивановски е стандарден на позиција десно крило во сезоната 2019/20 и ги одигрува сите 14 натпревари. Беласица станува шампион и во следната сезона се натпреварува во Првата македонска лига. Ивановски во следната сезона, 2020/21, ги одигрува првите 27 натпревари на позиција десен бек. На гостувањето против Шкупи го постигнува и својот единствен гол во дресот на Беласица. По овие две сезони во Беласица, летото 2021, Ивановски пак се враќа во својот матичен клуб, Академија Пандев. Во сезоната, 2021/22, Ивановски настапува на 27 натпревари, а Академија Пандев завршува како вицешампион на Македонија. Во следната сезона, 2022/23, Ивановски игра на 18 првенствени натпревари во Академија Пандев. Летото 2023 година, Ивановски по втор пат оди во Беласица. Во есенскиот дел, Ивановски настапува на 7 натпревари за Беласица. Во три сезони во Беласица, Ивановски забележува 48 настапи на првенствени натпревари и постигнува 1 гол.
Во јануари 2024 година преминува во Детонит од Радовиш. За овој тим, Ивановски настапува на 13 првенствени натпревари и Детонит завршува на трето место во Втора лига и се изборува за бараж против Вардар. Летото 2024 година, Ивановски оди во Брегалница од Штип, каде во есенскиот дел настапува на сите 15 натпревари и постигнува еден гол. Брегалница ја завршува полусезоната на второ место, во Втора лига. Во јануарскиот 2025 преоден рок, Ивановски пак се враќа во Брера и игра стандардно во овој период.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 48
- Голови
- 1
Фотографии

Зоран Ивановски