
Зоран Балдовалиев
- Играч
2001–2019
Биографија
Зоран Балдовалиев, легендарен напаѓач на Беласица, интернационалец и репрезентативец на Македонија (4 натпревари/1 гол). Ги поминува сите младински категории во Беласица, притоа освојувајќи пехари во пионерска, кадетска и младинска конкуренција. Во 2000 година е дел од тимот на Беласица, кој губи во финалето на младинскиот куп од Вардар. За Беласица во 4 сезони има одиграно 96 првенствени натпревари и има постигнато 43 голови. За сениорскиот тим на Беласица, дебитира во септември 2001 година против Силекс во Кратово. Истата полусезона го дава и својот прв гол против Цементарница. Во оваа своја прва сезона, 2001/02, ќе одигра вкупно 20 натпревари и ќе постигне 8 голови, со што е трет стрелец на тимот, зад Николиќ и Савиќ. Беласица е вицешампион во сениорска категорија, а игра и во младинскиот куп, каде со своите голови ѝпомага Беласица да го освои истиот.
Во сезоната 2002/03 е втор стрелец на лигата со 21 гол на 31 натпревар, а Беласица пак е вицешампион. На натпреварот против Пелистер постигнува 4 голови. Во февруари 2003 г. дебитира и за сениорската репрезентација на Македонија против Хрватска. Во август 2003 година, во рамките на купот на УЕФА, постигнува два гола против својот иден клуб, Публикум. Во есенската полусезона, 2003 г., ќе постигне 9 голови на 15 натпревари и пак е прв стрелец. Во јануари 2004 година преминува во Публикум Целје и таму ќе е сѐ до април 2005 година, кога доаѓа на тримесечна позајмица во второлигашот Турново. Со Турново игра бараж против Цементарница, ама губат, иако Балдовалиев е прогласен за играч на натпреварот. Во летото 2005 г. оди во првенството на Азербејџан, а потоа и во првенството на Летонија. Во јануари 2007 г. оди во Локомотива од Пловдив, каде постигнува 11 голови во една полусезона.
Во август 2007 година го игра својот последен натпревар во дресот на Македонија против Лихтенштајн. Во летото 2007 година преминува во Локомотива од Софија, каде ќе игра следните две и пол сезони и ќе постигне 23 голови. Во јануари 2011 година оди во Хапоел Ирони Киријат во Израел, за по една година да премине во Еносис во Кипар на 6 месеци. Игра една сезона и во Саудиска Арабија, па летото 2012 година пак се враќаво Македонија, во екипата на Хоризонт Турново. Во тандем со Д. Блажевски ќе го одведат Хоризонт до третото место во сезоната 2012/13, а тој ќе постигне 16 голови и е четврт стрелец на лигата. И сезоната 2013/14 ќе ја започне во Турново и на првите два натпревари ќе постигне 5 голови, но потоа ќе прејде во Керкира во Грција и за нивќе игра една сезона. Во периодот од 2014 до 2016 игра за тимовите на Киасо, Олимпиакос од Волос, Локомотива од Пловдив и Керкира.
Летото 2016 г. се враќа во Струмица, но сега во тимот на Академија Пандев. Во првата сезона, со Академија Пандев станува шампион на Втората македонска лига, а тој постигнува 20 голови на 21 натпревар. Во сезоната 2017/18 година постигнува 14 голови во Првата македонска лига за Академија Пандев и е трет стрелец на лигата. Во летото 2018 година се враќа во својот матичен клуб, Беласица, и игра на 30 натпревари и со 5 голови е втор стрелец на тимот. Летото 2019 година оди пак во Грција, па пролетта пак се враќаво Тиквеш. Кариерата ја завршува во сезоната 2020/21 во дресот на Дрита, кај ќе ги постигне своите последни два гола. Ќе остане запаметен како еден од најдобрите голгетери во историјата на струмичкиот фудбал, за Беласица, Турново и Академија Пандев, има дадено точно 100 првенствени голови (78 во Првата македонска лига и 22 голови во Втората македонска лига).
Кариера
Беласица
- Настапи
- 96
- Голови
- 43
За репрезентацијата
- Настапи
- 4
- Голови
- 1
Настапи и голови за македонската репрезентација, според биографиите и книгата „ФК Беласица – гордоста на Струмица“.
Фотографии

Зоран Балдовалиев