Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Зоран Андонов

  • Играч

1999–2003

Биографија

Зоран Андонов е поранешен фудбалер на Беласица, Тиверија, Турново, Малеш, Младост од Муртино,...

Андонов во сезоната, 1996/97, ќе започне да настапува за Турново. Ќе дебитира против Јака од Радовиш, а прв гол ќе постигне против Брегалница во Делчево. Андонов ќе одигра 29 натпревари и ќе постигне 2 гола. Во тимот на Турново покрај Андонов, ќе настапуваат и М. Наков, Т. Мицевски, Т. Атанасов, Ј. Хаџиевски,... Летото 1997 преминува во Тиверија, која ќе создаде одличен состав во кој покрај Андонов биле и Алачки, Тренчовски, Стојанов, Фетиов, Велков, Атанасов, Петров,... Во оваа сезона, 1997/98, Тиверија ќе стане шампион на Третата македонска лига - исток. Летото 1998 преминува во второлигашот Малеш од Берово, каде ќе игра заедно со: В. Георгиев, Ј. Тренчовски, Т. Николов,...

Летото 1999 година, доаѓа во Беласица, која е во Втората македонска лига. Првиот свој гол ќе го постигне против Брегалница од Штип. Во оваа сезона, Андонов, на 26 натпревари ќе постигне 6 гола. Во нападот ќе игра покрај: Т. Атанасов, А. Стојков, Г. Пандев и В. Георгиев. Беласица станува шампион во оваа сезона, 1999/2000. Во првата негова сезона во Прва лига, Андонов, ќе одигра 19 натпревари и ќе постигне еден гол Слога Југомагнат во Скопје. Во следната сезона, 2001/02, Андонов ќе биде џокер од клупата на Беласица и ќе влезе 14 пати од клупата и ќе допринесе за освојување на вицешампионската титула во Првата македонска лига. Во сезоната, 2002/03, Зоран Андонов ќе игра на 9 натпревари, а Беласица пак завршува на второто место. Андонов вкупно во дресот на Беласица, ќе одигра 68 натпревари во 4 сезони и ќе постигне 7 гола. Летото 2003 година преминува во второлигашот, Турново, каде ќе игра во следните три сезони. Најголемиот успех со Турново е 1/2 на купот на Македонија во сезоната, 2004/05, а ќе биде и во тимот,кој ќе го игра баражот за влез во Првата македонска лига против Цементарница. Но, тимот составен од : З. Андонов, З. Балдовалиев, Д. Блажевски, М. Иванов, Н. Танушев, Љ. Стоилов,... нема да успее и ќе загуби 1:2 од Цементарница.

Кариера

Беласица

Настапи
68
Голови
7

Фотографии

  • Зоран Андонов