
Злате Милосовски
- Играч
1983–1985
Биографија
Злате Милосовски е поранешен напаѓач на Беласица, Вардар, Тиквеш, Победа Прилеп, Приштина, Брегалница Штип, Куманово, Металург Скопје и ФК Скопје.
Милосовски ја поминува младинската школа на Вардар. Во сезоната, 1976/77, постигнува 11 гола за ФК Скопје, во Првата македонска лига. Во сезоната, 1978/79 игра за Тиквеш, во Втората југословенска лига - исток. Летото 1979 доаѓа во Победа Прилеп, каде останува 3 сезони. Во тој период, Злате одигрува 73 официјални натпревари и постигнува 30 гола. Во сезоната, 1980/81, во есенскиот дел има постигнато 6 гола за Победа и со Магнетски се двајцата најдобри стрелци на тимот.
Летото 1982 година преминува во амбициозната екипа на ФК Куманово, која имала амбиција, да стане првак на Првата македонска лига. Со Пане Блажевски одигруваат одлична есенска сезона и Куманово е второ, зад Беласица. Благој Истатов успева во зимскиот преоден рок, него и Пане Блажевски да ги донесе во Беласица, од Куманово и одигруваат клучна улога во освојувањето на титулата во Првата македонска лига. Милосовски дебитира против Напредок во Кичево, а го постигнува и единствениот гол за Беласица. Злате постигнува најмногу гола (7) во оваа пролетна полусезона, за Беласица, а одигрува 13 натпревари. Офанзивниот дел во пролетниот состав, најчесто е во состав: Стојков, Блажевски, Милосовски, Георгиев - Шеки и Стојанов. Злате игра за Беласица и во Втората југословенска лига, од 1983 до 1985 година. Злате постигнува 2 гола на легендарниот натпревар против Галеника во Земун, кога Беласица победува 2:4. На 15 натпревари во есенскиот дел, Злате постигнува 5 гола, со што е најдобар стрелец, а игра во нападот покрај: П. Андреев, Блажевски, Боев (Стојменов), Георгиев - Шеки. Потоа, Злате заминува во ЈНА. Од ЈНА се враќа во октомври 1984 година и ги одигрува последните 9 натпревари во есенскиот дел и постигнува два гола против Владимир и Лирија. Во пролетниот дел, Злате постигнува гол и против ОФК Титоград и два против Нови Пазар. Во последната негова сезона, во Беласица со 5 гола, на 21 натпревар е втор стрелец на тимот (зад Г. Узунов) во Втора југословенска - исток.
Во трите сезони во Беласица одигрува 49 натпревари и постигнува 17 гола. Летото 1985 година ја напушта Беласица и оди во Брегалница Штип, а потоа игра и за Металург од Скопје и пак за ФК Скопје.
Злате за жал е починат, но неговите фудбалски мајстории се негов вечен белег, во македонскиот фудбал.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 49
Фотографии

Злате Милосовски