
Живко Јурчевски
- Играч
2007–2015
Биографија
Живко Јурчевски е поранешен играч на Беласица. Јурчевски е роден 1985 година и ги поминува сите младински категории на Беласица. Јурчевски игра за екипата на Турново, во Втора македонска лига. За првиот тим на Беласица дебитира во август 2007, на 22 години, против Металург во Скопје. Во оваа сезона, 2007/08, ќе одигра 28 натпревари на позицијата лев бек и ќе биде играч со најмногу одиграни натпревари за Беласица. Беласица ќе го освои 4-тото место во Втората македонска лига и ќе се избори за бараж прорив Силекс. Јурчевски ќе игра на овој натпревар, но Силекс ќе победи со 2:0. Во следната сезона, Јурчевски ќе одигра 5 натпревари за Беласица. Во сезоната 2009/10, Јурчевски ќе игра повторно стандардно во одбраната на Беласица покрај Б. Гуцев, Т. Јанев, Т. Јанев, Мих. Донев,... Со 23 одиграни натпревари ќе е трет по број на настапи за тимот. Во следната сезона, 2010/11, ќе настапи само на два натпревари за Беласица во финишот на сезоната. Во сезоната, 2012/13 игра за екипата на Илинден од Моноспитово. Во летото 2013 година заминува да игра за екипата на Напресок Здравје од Радово, каде ќе игра една инпол сезона во Третата македонска лига - исток. Во април 2015 година се враќа во Беласица и ќе настапи на два натпревари, а против Осогово ќе го постигне и својот едонствен првенствен гол за Беласица. Негов последен натпревар му е против Слога од Виница. Во дресот на Беласица, Јурчевски одигрува 60 натпревари во 5 сезони. Летото 2015 година заминува во екипата на Кукла од Куклиш, каде ќе ја заврши својата играчка кариера во 2016 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 60
- Голови
- 1
Фотографии

Живко Јурчевски