Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Жанко Савов

  • Играч

1987–1989

Биографија

Жанко Савов, легенда на македонскиот фудбал, кој својот пат кон звездите на големата сцена, го почнува во Беласица. Есента 1987 дебитира во прво коло против Борец од Велес и тоа со гол и е прогласен за играч на утакмицата. Најдобрата утакмица таа есен, ја изигрува со Брегалница Штип, кога ги дава и двата гола во победата од 2:1. Во Беласица поминува две сезони и одигрува 57 првенствени утакмици и постигнува 13 голови. Во првата сезона (1987/88) со 7 голови е трет стрелец на тимот. Летото 1988 ги изигрува сите 4 утакмици во квалификациите и постигнува еден гол со Бокељ во Струмица. Во втората сезона во Прва Б југословенска лига со 6 голови е прв стрелец на тимот заедно со Зоран Митев. Последниот натпревар го игра против Раднички од Крагуевац, кога го постигнува својот последен гол за Беласица. Летото 1989 заминува во прволигашот, Раднички од Ниш. Поминува таму една полусезона од каде заминува во јануари 1990 во Пелистер и ќе остане таму до јануари 1993. Со Пелистер во сезоната 1991/92, игра во Прва југословенска лига (без екипите од Словенија и Хрватска). Во јануари 1993, ќе премине во Вардар од Скопје. Во првото финале на Македонскиот куп во 1993, го постигнува единствениот гол за куп трофеј за Вардар. Со Вардар вкупно освојува 3 титули шампион и два купа. Во 1995 година заминува за Јужна Кореја. Пак се враќа во македонскиот фудбал во Цементарница, каде ќе игра повеќе сезони во Првата македонска лига, пред последната сезона (2002/03) да ја изигра за Македонија Ѓорче Петров. Во летото 2003 е назначен за тренер на Цементарница, но и понатаму игра. Сезоната 2003/04 ќе е негова последна играчка сезона.

Импресивна кариера, која започна во Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
57

Фотографии

  • Жанко Савов