Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Здравко Зајков

  • Играч

1984–1989

Биографија

Здравко Зајков, дел од средната линија на Беласица во периодот 1984-1989 година. Во овој период одигрува 138 натпревари на кои постигнува 10 голови. Кариерата ја за почнува во Победа Валандово од каде доаѓа во Беласица и учествува во нејзините најголеми успеси. За Беласица игра во Втората југословенска лига – исток до 1987 година. Зајков игра на 26 натпревари во сезоната 1987/88, кога Беласица станува шампион на Првата македонска лига и обезбедува кваликификации за влез во единствена Втора југословенска лига. Зајков е незаменлив дел од тимот кој го постигнува најголемиот успех со победите против Бокељ и Трепча. Во сезоната 1988/89 одигрува 27 натпревари за Беласица и својот последен гол во дреост на Беласица го постигнува против ОФК Кикинда. Креирањето на акциите во средниот ред со П. Андреев, П. Блажевски, Б. Јовановски, а потоа и со Б. Беличев и Ж.

Савов, нема да останат заборавени кај струмичани. По овие пет сезони, заедно со својот сограѓанин Г. Узунов се враќаат во Победа Валандово. Во Победа игра сѐ до 1995 година, капитен е на тимот, во кој играле и многу негови поранешни соиграчи од Беласица. Со Победа во сезоната 1994/95 успевада стане првак, но титулата им е одземена, па замира фудбалот во Валандово, по што оди да игра за тимот на Вардарски од Богданци и таму ја завршува својата кариера.

Кариера

Беласица

Настапи
138
Голови
10

Фотографии

  • Здравко Зајков