Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Васо Цветков

  • Играч

1950 – 1963/64

Биографија

Васо Цветков, првиот голем центарфор на Беласица од 50-тите години на минатиот век. Дел е од младинската екипа, која во 1950 година играла за шампион на Македонија и била меѓу четирите најдобри. Во 1950 започнува да игра и во првиот тим. По статистиката со која располагаме настапува 12 сезони за Беласица и има постигнато 73 голови (но немаме информации за 3 сезони, околу 40 натпревари), по што е 4-ти на ранг-листата по постигнати голови на првенствени натпревари за Беласица. Во февруари 1951 година, настапува во мечот против Вардар, кога свечено е отворен денешниот стадион. Во меч од Титовелешката зона во 1951 година, дава 6 голови против Локомотива Гевгелија. Во периодот од две сезони, кога Беласица е во Штипски регион и во Прва македонска лига (1952/53 и 1953/54), тој е во ЈНА. Се враќа 1954 година и во сезоната 1954/55 е најдобар стрелец на тимот со 15 голови во Првата македонска лига. Најдобар стрелец со 10 голови е и во сезоната 1956/57 во 4 зона, каде играле екипи од Македонија, Косово и јужна Србија. Во сезоната 1959/60, повторно постигнува 10 голови. Последниот свој гол за Беласица го дава против Кожуф во април 1964 година, а последниот меч за Беласица го игра во јуни 1964 година, против Напредок од Кичево во Струмица.

Точен број на одиграни натпревари за Беласица немаме, но нивната бројка би требало да е помеѓу 170 и 180 првенствени натпревари.

Летото 1964 година преминува во Тиверија, а бил и тренер на Тиверија до 1971 година.

Кариера

Беласица

Голови
78

Фотографии

  • Васо Цветков