
Васко Николов
- Играч
2003–2006
Биографија
Васко Николов е поранешен голман на Беласица, Дојранско Езеро и Турново. Николов ги поминува сите младински категории во Беласица. Со кадетите на Беласица го освојува купот на Македонија во 2001 година, со победата над Вардар од 2:1, а го освојува и првенството. Во 2002 година, Николов брани и за младинскиот тим на Беласица, со кој ќе го освои куп трофејот, по подобро изведување на пенали од Куманово. Николов е во екипата со браќата Попови, Балдовалиев, Масев, Стојанов, Божијанов,... Овие успеси на Николов ќе допринесат да биде повикуван во младинските репрезентации на Македонија, најпрвин до 17 години, а потоа и до 19 години. Во 2003 година, Николов пак брани во финале на младинскиот куп, но сега Беласица губи од Вардар. Николов ќе брани за Беласица и на Виареџо купот во февруари 2006 година. За првиот тим на Беласица ќе дебитира во октомври 2003 година, на свои 18 години, против Работнички. Во оваа своја прва сениорска сезона, 2003/04, ќе брани на 5 натпревари, а покрај него голмани во тимот се и И. Дисиќ и Г. Јовчев. Пролетта 2005 година ќе биде прв голман на Беласица и ќе брани на 15 натпревари, а Беласица завршува на 7-мо место во Првата македонска лига. Во следната сезона, 2005/06, Николов брани на 26 натпревари, а покрај него како голмани се и: К. Захов и С. Кралевски. Последен негов натпревар е против Ренова. Во 3 сезони за Беласица ќе брани на 46 натпревари. Тогаш ќе биде повикан да настапи и за младинската репрезентација на Македонија до 21 година. Во летото 2006 заминува во екипата на Дојранско Езеро, каде тренер е Ристо Панов, а соиграчи му се Н. Танушев, К. Чачев, М. Стојков, М. Ѓокиќ,... Во летото 2007 година преминува во Турново. Во сезоната, 2007/08, Николов со Турново ќе стане шампион во Втората македонска лига и ќе влезе за прв пат во својата историја во Првата македонска лига. Николов заедно со С. Димовски ќе го сочинуваат голманскиот тандем. Во 2008 година заминува за Италија.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 46
Фотографии

Васко Николов