
Васко Коцев
- Играч
2020–2023
Биографија
Васко Коцев е поранешен фудбалер на Беласица, Академија Пандев, Осогово, Кожуф, а сега игра во Хоризонт. Коцев ги поминува сите младински категории на Академија Пандев, пред во јануари 2020 година да дојде во Беласица. За Беласица дебитира бо февруари 2020, на гостувањето против Осогово во Кочани. Во оваа сезона, која е прекината заради ковид пандемијата, Коцрв одигрува вкупно 2 натпревари. Во следната, 2020/21, кога Беласица пак игра во Прва македонска лига, Коцев одигрува 7 натпревари и на сите влегува како замена. Во јануари 2021, во потрага по поголема минутажа преминува во екипата на Осогово од Кочани. Во јули 2021 година, пак се враќа во Беласица и одигрува 22 првенствени натпревари во сезоната, а Беласица го губи баражот за влез во Прва македонска лига. Васко Коцев, во сезоната 2022/23, одигрува 27 натпревари. Есенската полусезона, 2023 е негова последна во Беласица и во неа одигрува 5 натпревари инпостигнува 1 гол. Во Беласица игра 4 сезони и одигрува 63 првенствени натпревари. Пролетта 2024, ја поминува во Кожуф од Гевгелија, додека пак од јули 2024 игра во Хоризонт од Турново.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 63
Фотографии

Васко Коцев