Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Васко Георгиев

  • Играч
  • Тренер

1991–2012

Биографија

Васко Георгиев е легендарен центарфор на Беласица, кој има настапувано во 13 сезони за Беласица, во периодот од 1991 до 2012 година. За Беласица има постигнато вкупно 108 голови на првенствени утакмици, со што е втор стрелец на сите времиња на Беласица. Вкупно 5 сезони бил најдобар стрелец на Беласица, што е рекорд на клубот. Има одиграно 214 првенствено утакмици, со што е во топ 20 играчи по бројот на првенствени настапи. Дебитира за Беласица на 16-годишна возраст во Охрид, во мај 1991 г. Во следната сезона (1991/92) во Третата југословенска лига - исток е најдобар стрелец со 12 голови. Во 1992/93 е дел од младинскиот тим што ќе го освои првиот куп во независна Македонија. Во 1994/95 година, повторно е најдобар стрелец на тимот со 15 голови. По оваа сезона, оди во тимот на Силекс, кој станува шампион на Македонија во 1995/96.

Во сезоната 1996/97, се враќа во Беласица и постигнува 8 голови, па прави трансфер во Цементарница, каде игра во сезоната 1997/98. По оваа сезона, оди во амбициозниот тим на Малеш, каде е најдобар есенски стрелец на Втората македонска лига. Напролет 1999 година се враќа во Беласица и со 15 голови за Беласица е најдобриот стрелец на тимот, а по трет пат и на лигата. Следната сезона на есен повторно игра во Малеш, а на пролет се враќа во Беласица и ѝ помага со 18 голови, по што Беласица станувашампион на Втората македонска лига. Во 2000/01 г., заедно со Пандев и Стојков, со 9 голови ќе придонесе Беласица да стигне до 4 место. Пролетта 2002 г. заминува во Напредок Кичево, а ќе игра и за Брегалница Делчево, за Башкими од Куманово, за Турново, ноќе игра и во Грција, на Крит. Пролетта 2008 година, по 6 години, се враќа пак во Беласица и по 4, пат станува најдобар стрелец на тимот со 10 голови.

Во сезоната 2008/09 дава уште 6 голови за Беласица и повторно оди во странство. Во следните две и пол сезони ќе игра за Едесаикос од Едеса, Финикас од Солун и Акритас во Кипар. Пролетта 2012 г. за последен пат се враќа во Беласица на 37 години, за да ѝ помогне на Беласица со 7 голови, и по 5. пат, пак е најдобар стрелец на тимот.

Пребогата кариера, вкупно 22 сезони и над 230 првенствени голови, од кои 13 сезони во Беласица и 108 голови во дресот на Беласица.

Васко Георгиев е син на уште една фудбалска легенда и центарфор на Беласица, Ѓоко Георгиев, кој исто така се наоѓа во топ 10 стрелците на Беласица на сите времиња.

Кариера

Беласица

Настапи
214
Голови
109

Периоди

Тренер
2016–2017

Фотографии

  • June 3, 2023

    Млад Васко Георгиев со дрес број 11 на тимска фотографија

  • Васко Георгиев