
Васе Стојков
- Играч
1977–1983
Биографија
Васе Стојков е легендарно десно крило на Беласица, Тиверија и Кукла од Куклиш. Стојков е од Сачево, но фудбалски ќе блесне во екипата на Кукла од Куклиш, каде ќе го забележат од ФК Беласица, па летото 1977 година ќе го донесат во Беласица, на неполни 23 години. За Беласица дебитира против Транскоп во Битола, во 1 коло, додека пак на својот прв домашен натпревар пред струмичката публика, ќе го одигра својот најдобар натпревар во кариерата и ќе биде оценет со чиста „десетка“. Стојков ќе постигне два ефектни гола во второто полувреме. Ефикасната игра ќе ја продолжи во текот на целата есен и со Мафков ќе се најдобри стрелци, со по 6 гола. Во пролетниот дел ќе продолжи со ефикасната игра, а најдобар играч со два гола ќе биде и против Вардар Неготино. Оваа сезона ќе ја заврши со 10 гола на 30 натпревари и тоа ќе е најефикасната негова сезона во Беласица.
По враќањето на многу поранешни играчи на Беласица, летото 1978 година, Стојков ќе продолжи со добрите игри и ќе биде избран во третиот најдобар тим на лигата. Во сезоната 1978/79 на 19 натпревари постигнува 2 гола. Во сезоната 1979/80 Стојков пак ќе биде интересен и ќе постигне 6 гола на 24 натпревари и ќе биде трет стрелец на екипата. Во сезоната 1980/81 Стојков игра на 24 натпревари и постигнува 6 гола, со што е втор стрелец. Во сезоната 1981/82 Стојков ќе игра во нападот заедно со: Т. Стојанов, А. Мишев и А. Пандев. На 21 натпревар постигнува 3 гола. Во шампионската сезона, 1982/83, Стојков игра на 14 натпревари и постигнува само 1 гол против Победа во Валандово. Неговиот последен натпревар во дресот на Беласица ќе му биде против Брегалница во Штип. Стојков на позицијата десно крило на Беласица ќе настапува 6 сезони, во периодот од 1977 до 1983 година.
Тој во Беласица, за овој период, има одиграно 131 првенствен натпревар и постигнато 28 голови, сите во Првата македонска лига. Стојков летото 1983 година преминува во Тиверија каде настапува две сезони (1983/84 и 1984/85). Во дресот на Тиверија има постигнато вкупно 9 голови.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 131
- Голови
- 28
Фотографии

Васе Стојков