
Васе Стоилов
- Играч
1973–1979
Биографија
Васе Стоилов е лево крило и лев бек, кој игра за Беласица од 1973 до 1979 година, вкупно 7 сезони. За Беласица одигрува вкупно 161 првенствен натпревар, постигнувајќи 20 голови.
За Беласица дебитира на 17 години, во март 1973 година, во натпреварот противВардар од Неготино. Во ноември 1973 г., против Тиквеш, го дава својот прв гол. Во следните три сезони (1973-76) е стандарден на позицијата лево крило. Во сезоната 1973/74 со 32 натпревари, заедно со Шеки, Урдов и Бинев се рекордери по настапи во таа сезона, а постигнува и 5 голови. Во сезоната 1974/75 со 4 голови е трет стрелец на тимот, зад Мафков и Тасев, а и следната сезона (1975/76) со 5 голови е трет стрелец на тимот. Со доаѓањето на Томе Стојанов летото 1976 година, следните две сезони игра страндардно на позицијата на лев бек. Летото 1978 година оди во силниот тим на Тиверија и во таа полусезона постигнува 9 голови и е прв стрелец на тимот. Во јануари 1979 година повторно се враќа во Беласица.
Во април 1979 година против Осогово го дава својот последен гол за Беласица, а својот последен натпревар го игра против Пелистер во мај 1979 година. Летото 1979 година пак се враќа во Тиверија и есента одигрува 11 првенствени натпревари.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 161
- Голови
- 20
Фотографии

Васе Стоилов