Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Васе Митев

  • Играч

1981–1996

Биографија

Васе Митев е долгодишен фудбалер Беласица и Тиверија, кој настапувал на позиција бек и халф. За Беласица има одиграно 126 натпревари во 10 различни сезони.

Игра за младинските категории на Беласица од 1978 година, а за сениорскиот тим на Беласица, дебитира во мај 1981 година против Победа од Валандово. Во следната 1981/82 игра на 6 натпревари, а есента 1982 година ќе одигра на 5 натпревари. Во јануари 1983 година заминува во Тиверија. Сезоната 1983/84 е во ЈНА. Во Тиверија во овој период ќе одигра над 100 првенствени натпревари на бек или халф се до летото 1989 година. Дел е од екипата на Тиверија, што ќе го освои 5-тото место во Првата Македонска лига. Летото преминува во Беласица, каде игра на 23 натпревари во Третата Југословенска лига. Во следната сезона, 1990/91 е стандарден член на одбраната во состав: Руменовски, Бојчевски, Митев, Василев, Даскаловски и Костов. Митев игра на 27 натпревари и дава гол против Куманово. Во првата сезона (1992/93) во независна Македонија игра на 19 натпревари. Пролетта 1994 оди во Тиверија, да помогне во борбата за опстанок во Втората Македонска лига. Летото 1994 пак се враќа во Беласица и одигрува 15 натпревари во сезоната 1994/95. За Беласица игра до крајот на 1996 година. Потоа, пак се враќа во Тиверија и учествува во освојувањето на титулата во Третата лига во сезоната 1997/98. Есента 1999 е последна негова полусезона во дресот на Тиверија.

По завршувањето на играчката кариера ќе биде тренер долги години во младинските категории на струмичките клубови.

Кариера

Беласица

Настапи
126

Фотографии

  • Васе Митев