Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Васе Димитров

  • Играч

1968–1975

Биографија

Васе Димитров (Палифров), легендарен лев бек на Беласица во периодот од 1967 до 1975 година. За Беласица одигрува 150 натпревари во 8 сезони. Како младинец, за тимот на Тиверија игра во сезоната 1964/65, заедно со Т. Аљоков, Р. Панчуров… Потоа игра и во сениорскиот тим на Тиверија. Летото 1967 година преминува во Беласица. За Беласица дебитира во септември 1967 г., против Маврово во Гостивар. Веќе во пролетниот дел, 1968 година, е стандарден во одбраната. Настапува на вкупно 17 натпревари во првата своја сезона во Беласица. Во сезоната 1968/69 игра на 23 натпревари, додека во сезоната 1969/70 на 22 натпревари, играјќи на бековските позиции заедно со Ѓ. Ќучуков. Најмногу настапи забележува во сезоната 1970/71, вкупно 28 натпревари. Во сезоната 1971/72 е дел од одбраната заедно со: Костадинов, Урдинов (М. Секулов), Димитров, Вукшан, Морарцалиев и Бинев.

Есента 1972 година е капитен на тимот, но по 10-тото коло, оди во ЈНА. Се враќа по 15 месеци и пролетта 1974 година настапува на 16 натпревари. Во неговата последна сезона во Беласица, 1974/75, игра на 11 натпревари, а последниот негов натпревар е против Брегалница во Штип, на 30.03.1975 година. Во следната сезона, 1975/76, се враќа во Тиверија, која игра во Првата македонска лига. Пролетта 1976 година е капитен на тимот и игра на 9 натпревари, а последниот негов натпревар е против Караорман, во мај 1976 година. Димитров има успешна 12-годишна сениорска кариера помината во двата струмички клуба, а бил капитен и на Беласица и на Тиверија.

Кариера

Беласица

Настапи
150

Фотографии

  • Васе Димитров