Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Вангел Кљанков

  • Играч

1974–1978

Биографија

Вангел Кљанков, десен бек на Беласица и Тиверија од седумдесетите години на претходниот век. Во Беласица има одиграно 87 првенствени натпревари во 4 сезони.

Дебитира за Беласица во септември 1974 година, против Балкан во Скопје, на 21 година. Во првата своја сезона, 1974/75 настапува на вкупно 15 натпревари. Во следната 1975/76 е стандарден десен бек на тимот и настапува на 30 натпревари. Дел е од одбраната во состав: Д. Георгиев на голот, Кљанков и М. Николов (М. Секулов) на бекови и И. Андреев и Т. Пецев на халф линијата и К. Секулов- центархалф. Во сезоната 1976/77, игра на 20 натпревари, а додека во последната своја сезона во Беласица на 22 натпревари. Последниот свој натпревар пак го игра со Балкан во Скопје. Во последната сезона, 1977/78, одбраната на Беласица е во состав: Д. Георгиев, В. Кљанков, В. Стоилов, Т. Пецев, М. Василев и А. Мастев. Поминува една сезона и во Тиверија, 1979/80, настапува на 8 натпревари, а последниот свој натпревар го игра против Југококта во Скопје.

Кариера

Беласица

Настапи
87

Фотографии

  • Вангел Кљанков