
Ванчо Таковски
- Претседател
1999–2007
Биографија
Ванчо Таковски е поранешен претседател на Беласица, кој го водеше клубот во периодот од 1999 до септември 2007 година.
Застанува на чело на Беласица во 1999 година, кога Беласица е во Втората македонска лига и успева уште во првата сезона (1999/2000), со солидните појачувања кои ги обезбедува да ја врати Беласица во Првата македонска лига. Во оваа сезона за првиот тим заигруваат и Горан Пандев и Аце Стојков. Во сезоната 2000/01, Беласица го обезбедува четвртото место во лигата.
Во летото 2001 година, успева да направи трансфер на Горан Пандев и Аце Стојков во Интер од Милан. Во сезоната 2001/02, Беласица е втора, зад Вардар, а Роберт Попов е најдобар играч во Македонија. Беласица за прв пат обезбедува пласман во купот на УЕФА и игра против португалскиот Лешоеш, 2:2 во гости, а губи дома 1:2.
Есента 2002 година Беласица станува есенски шампион, но на крај пак завршува втора зад Вардар. Попов пак е најдобар играч, а во купот на УЕФА, Беласица е елиминирана од Публикум од Словенија. Прави трансфери на Р. Попов во Литекс, Г. Попов во АЕК од Атина, Балдовалиев во Публикум, а Р. Дориев, Т. Ефтимов, Н. Киров и Р. Христовски ќе играат за Пирин од Благоевград. Беласица ќе игра во Прва лига до 2006 година, а последната сезона на Таковски како претседател, 2006/07, Беласица ќе игра во Втора лига.
Особено успешни под Таковски ќе бидат младинските екипи на Беласица. Беласица ќе го освои младинскиот куп во 2002 и 2006, а ќе игра финале во 2000 и 2003. Исто така, и кадетските и пионерските екипи на Беласица ќе освојуваат купови и првенства на Македонија. На иницијатива на Таковски ќе се формира и женски фудбалски клуб, од кого ќе излезат и многу репрезентативки.
На 14.11.2005 година во Струмица на стадионот „Младост“ доаѓа и претседателот на ФИФА, Сеп Блатер. Таковски обезбеди 800.000 швајцарски франци од програмите на УЕФА и ФИФА, за изградба на покриената трибина на стадионот со капацитет од 1.800 седишта и изградба на помошните простории на стадионот.
Во време на Таковски, Беласица ќе е синоним за производство на млади и талентирани играчи, од кои добар дел од нив станале и репрезентативци на Македонија во сениорска и младинска конкуренција. Беласица со него на чело ќе биде и два пати вицешампион на Македонија и ќе игра два пати во купот на УЕФА.
Кариера
Периоди
- Раководство
- 1999–2007
Фотографии

околу 2002
Ванчо Таковски, претседател на ФК Беласица од 1999 до 2007 година.

Ванчо Таковски