Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ванчо Костов

  • Играч

1987–2003

Биографија

Ванчо Костов-Манго, легендарен дефанзивец, капитен на Беласица и репрезентативец. Настапува и за Вардар, Работнички, Тиквеш, Турново, Победа Валандово, Вардарски и Плачковица. За Беласица во 13 различни сезони има одиграно 229 натпревари со што го дели 12-тото место со Т. Атанасов. Во дресот на Беласица постигнува 14 голови.

Дебитира за Беласица во јуни 1987 година против Влазними во Ѓаковица, на свои 17 години. Продолжува да игра паралелно и за младинскиот тим на Беласица, а следната сезона 1987/88 игра на 3 натпревари. Во сезоната 1988/89 е во ЈНА. Во сезоната 1990/91 станува стандарден првотимец и игра на 30 натпревари, а го дава и својот прв гол против Напредок од Кичево. Во следните три сезони игра вкупно на 63 натпревари и постигнува 4 голови. Летото 1994 г. оди во екипата на Победа Валандово, каде ќе игра со Т. Ефтимов, Н. Танушев и С. Танев. Победа станува шампион на Втората македонска лига - исток, но не ѝ се дозволува да игра во Првата македонска лига. Костов летото 1995 г. оди во Плачковица. Летото 1996 г. игра во Вардарски една полусезона. Во јануари 1997 година се враќа во Беласица и во следната година и половина игра на 26 натпревари. Летото 1998 г. со Т.

Атанасов одат во Работнички, каде ќе игра една сезона. Летото 1999 г. оди во Вардар и игра на 7 натпревари во есенската полусезона, а пролетта 2000 г. игра за Тиквеш. Летото 2000 г. се враќа во Беласица и следните три и пол сезони ќе е капитен на Беласица. Ќе одигра 97 натпревари и ќе постигне 7 голови. На 1 август 2001 година ќе го одигра својот единствен репрезентативен натпревар, на свои 32 години. Со Беласица два пати ќе е вицешампион и два пати ќе игра во купот на УЕФА. Во декември 2003 година го игра својот последен натпревар за Беласица против Маџари во Скопје. Во сезоната 2004/05 игра за Турново, кој таа сезона игра во баражот за влез во Првата македонска лига и игра во 1/2 на купот на Македонија.

Костов ќе остане запаметен како бескомпромисен борец и капитен и предводник на Беласица во борбата за шампионските титули во 2002 и 2003 година. Тој е единствен играч, кој игра во двата златни период и на Беласица. Во првиот златен период (1978-1990) како младинец на Беласица, а беше капитен во вториот златен период (2000-2003) на Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
229
Голови
14

Фотографии

  • Ванчо Костов