Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ванчо Дрвошанов

  • Играч

1967–1985

Биографија

Ванчо Дрвошанов, легенда на струмичкиот и прилепскиот фудбал. Настапува за Беласица во периодот од 1967 до 1969 и од 1978 до 1985 година. Дрвошанов игра вкупно 10 сезони за Беласица и за екипата има 202 официјални лигашки натпревари, со што е во топ 20 по бројот на лигашки настапи. Дрвошанов постигнува 23 голови за Беласица.

Дрвошанов кариерата ја започнува во родното Босилово, каде зимата 1967 г. го забележува тогашниот тренер на Беласица, Момо Илиќ, и го носи во Беласица. За Беласица дебитира пролетта 1967 г. на 16 и пол години против Караорман Струга. Дрвошанов е стандарден во тимот на Беласица во следните две и пол сезони и одигрува 46 натпревари. Како еден од најперспективните фудбалери во Македонија, летото 1969 година заминува во југословенскиот второлигаш, Победа од Прилеп. Во Победа настапува 9 сезони, заедно со Б. Истатов, А. Трајков и Б. Митев и емиленик на прилепската публика. Есента 1977 г. заминува во ЈНА. Летото 1978 година се враќа во Беласица, заедно со неговиот соиграч Б. Митев, а од Утрехт се враќа и Б. Истатов. Дрвошанов, по враќањето од ЈНА, во 13 коло, во ноември 1978 година, дебитира против Кожуф, а во 16 коло го дава и победничкиот гол против својот довчерашен клуб, Победа.

Во следните сезони настапува на халфовската позиција во тандем со: И. Андреев, А. Мастев и Т. Пецев. Во сезоната 1982/83 е најдобар стрелец на тимот со 9 голови, заедно со М. Георгиев-Шеки. Беласица станува шампион на Првата македонска лига и влегува во Втората југословенска лига - исток, а Дрвошанов го постигнува единствениот гол против главниот конкурент, Куманово, пред 10.000 гледачи. Во 1983 година е прогласен за спортист на град Струмица. Во првата сезона во Втората југословенска лига (1983/84) е капитен на тимот и постигнува 4 гола. Од есента 1984 година ја прифаќа улогата на помошен тренер на Истатов, но сепак во таа сезона настапува(1984/85) и на 9 натпревари. Последениот негов натпревар е во мај 1985 г., против Влазними во Ѓаковица. Дрвошанов и Р. Божинов се помошници на Б. Истатов до 1987 година, кога Беласица игра во Втората југословенска лига - исток.

Во следните години, во повеќе наврати, Дрвошанов е тренерски тандем со Б. Истатов, во Беласица. Последна негова тренерска сезона во Беласица му е 1996/97, кога со А. Трајков се помошници на Б. Истатов.

Кариера

Беласица

Настапи
202
Голови
24

Фотографии

  • Ванчо Дрвошанов