Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ванчо Бојчевски

  • Играч

1987–1994 (со прекини)

Биографија

Ванчо Бојчевски е десен бек на Беласица, Тиверија и Турново во деведесеттите години на минатиот век.

За Беласица игра на 87 натпревари во 9 различни сезони и има постигнато 5 гола.

Ги поминува младинските категории на Беласица. На 18 години, во јуни 1987, дебитира против Нови Пазар. Есента 1987 година игра на 5 натпревари за Беласица, па оди во ЈНА. Сезоната 1989/90 е сезона,кога тој станува стандарден дел од тимот на Беласица и игра на 28 натпревари и дава 3 гола. Играч на натпреварот е против Будуќност Пеќ и Силекс од Кратово, кога постигнува голови на овие натпревари. Следната сезона ја игра, исто така добро и настапува на 26 натпревари и дава 2 гола. Есента 1991 игра на 11 натпревари. Во јануари 1993 година преминува во Тиверија, каде заедно со М. Василев помагаат Тиверија да влезе во Втората Македонска лига. Есента 1993 игра за Турново во Втората Македонска лига. Пролетта 1994 пак игра за Беласица на 9 натпревари. Последниот натпревар за Беласица го игра против ФЦУ во Скопје, во август 1994 година. Ќе има и тренерска кариера во Тиверија, како главен тренер, но и помошен тренер на Трајче Георгиев и Југослав Тренчовски

Кариера

Беласица

Настапи
87
Голови
5

Фотографии

  • Ванчо Бојчевски