Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Трајко Панов

  • Играч

1952–1964

Биографија

Трајко Панов е поранешен фудбалер на Беласица и Тиверија. Роден е во 1932 година. Тој е најмал од тројцата браќа Панови, кои во повоените години ќе го носат дресот на Беласица. Постарите браќа, Ѓорги и Митко, уште во 1947 година ги среќаваме во составот на Беласица, а од 1950 година, во првиот состав им се придружува и Трајко Панов. Тројцата браќа, Ѓорги, Митко и Трајко Панов, ги среќаваме на фотографијата на тимот на Беласица од 1955/56, кога го освојуваат првенството во Штипскиот потсојуз. По успешните квалификации, Беласица влегува во 4. зона, каде игра и со тимови од Србија и Косово. Т. Панов е стандарден центархалф, а со брат му Митко, одигруваат по 23 од 24 натпревари, а постигнува и гол во Краљево против Слога. Во Штипскиот потсојуз Беласица ќе е прва, а Трајко постигнува два гола против Тиквеш и Осогово.

Во сезоната 1958/59 Беласица е во Првата македонска лига, а Трајко е диригент на одбраната. Во сезоната 1959/60 ги одигрува сите 24 натпревари, а постигнува и 3 гола. Следната сезона Беласица испаѓа, а Трајко одигрува 20 натпревари. Во сезоната 1961/62, ѝ помага на Беласица во 18 кола да го освои Штипскиот потсојуз. Во сезоната 1962/63 игра на 24 натпревари и постигнува еден гол. Неговата последна сезона во Беласица е 1963/64, кога Беласица го освојува второто место. Трајко игра на 21 натпревар, а последниот натпревар му е против Напредок од Кичево. Во дресот на Беласица би требало да има одиграно над 200 првенствени натпревари и постигнато над 10 гола. Летото 1964, на 32 години преминува во Тиверија. Во Тиверија ќе игра стандардно уште неколку сезони во Штипскиот потсојуз, го среќаваме на фотографијата од сезоната 1967/68.

Фотографии

  • Трајко Панов