
Трајче Георгиев
- Играч
- Тренер
1980–1992
Биографија
Трајче Георгиев, легендарен бек на Беласица од осумдесеттите години. За Беласица има одиграно 172 првенствени натпревари во 10 сезони и постигнато 11 голови. Од 1977 година во Беласица ги поминува сите младински категории. Дебитира за првиот тим на Беласица во март 1981 година во Богданци против Вардарски. Со неполни 18 години ќе е стандарден на позицијата лев бек во таа сезона. Првиот гол го постигнува во ноември 1981 година против Осогово од Кочани. Во сезоната 1981/82 одигрува 24 натпревари. Есента 1982 година одигрува 7 натпревари, за да ја помине 1983 година во ЈНА. Се враќа во март 1984 година, и тоа со победоносен гол против Галеника од Земун. Во сезоната 1984/85 настапува на 21 натпревар, а во следните две сезони (1985/86 и 1986/87) во Втората југословенска лига - исток игра на по 23 натпревари. Во шампионската сезона 1987/88 во Првата македонска лига, заедно со П.
Андреев, играат најмногу натпревари, 32. Во историските квалификации од летото 1988 година, за влез во Втората единствена југословенска лига, го постигнува одлучувачкиот гол против Трепча во 85-тата минута. Во Втората југословенска лига настапува на 12 натпревари и постигнува еден гол за победа против Леотар од Требиње. Во летото 1989 година, заедно со Б. Беличев, заминуваат во Вардар од Скопје. Во единствената полусезона во Вардар ќе настапи на 6 првенствени натпревари во Првата југословенска лига. Во зимскиот преоден рок 1990 година заминува во Вардарски од Богданци каде ќе игра една и пол сезона, како напаѓач. Летото 1991 година преминува во Тиверија. Во Тиверија настапува една полусезона, на 14 натпревари постигнува 3 голови. Во јануари 1992 година се враќа во Беласица и ја игра својата полусезона во Беласица.
Ќе одигра натпревари и ќе постигне 4 голови во Третата југословенска лига - исток. Против Тимок од Заечар постигнува два гола, а со Победа од Прилеп е играч на натпреварот и го постигнува одлучувачкиот гол. Како главен тренер, ќе ја предводи Тиверија во пролетната полусезона 2000 година, во Втората македонска лига. Ќе биде и тренер на Беласица во последните 4 кола во мај 2001 година, кога Беласица завршува на 4. место во Првата македонска лига. Трајче Георгиев трајно ќе остане запаметен во меморијата на Струмичани, како херој со одлучувачкиот гол против Трепча.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 172
- Голови
- 11
Периоди
- Тренер
- 2000–2001
Фотографии

Трајче Георгиев