
Тони Бандулиев
- Играч
1998–2000
Биографија
Тони Бандулиев е поранешен играч на Беласица, Слога, Работнички, Победа Прилеп, Вардар, Башкими, Хоризонт Турново, но играл и во Финска, Австрија, Италија и Швајцарија. Бандулиев потекнува од младинската школа на Беласица со која игра во финалето на купот на Македонија, во 1997 г., против Вардар. Следната сезона (1997/98) со младинците го освојува младинското првенство на Македонија. Дебитира за сениорскиот тим на Беласица во октомври 1998 година против Јака од Радовиш. Првиот гол го постигнува против Ударник од Пирава. Оваа сезона, 1998/99, Бандулиев одигрува 10 натпревари. Летото 1999 година преминува во шампионот на Македоноја, Слога Југомагнат, заедно со Г. Мазнов и Б. Тимов. Во есенската полусезона ќе игра на двојна регистрација и за Беласица и ќе одигра уште 8 натпревари за Беласица и ќе постигне 2 гола.
Во јануари продолжува да игра само за Слога каде ќе е дел од тимот кој ќе ја освои својата втора титула шампион на Македонија. Наредната сезона, 2000/01, Бандулиев со Слога пак ја освојува титулата шампион на Македонија. Во Слога останува до летото 2002 година. Бандулиев игра и за младата репрезентација на Македонија, во јуни 2001 година, против Турција. За сениорската репрезентација на Македонија има одиграно 4 натпревари. Дебитира во август 2001 година против Саудиска Арабија, а последниот натпревар го одигрува во 2005 година. Летото 2004 г. преминува во Работнички, каде ја освојува шампионската титула. Летото 2005 година Бандулиев преминува во Победа од Прилеп. Во пролетната сезона 2006 година, Бандулиев преминува во Вардар. Сезоната 2006/07 Бандулиев ги одигрува првите две кола во Вардар, по што преминува во Башкими. Во јануари 2007 година заминува во Финска, каде останува 6 месеци.
Потоа преминува во Австрија, во екипата на Сент Полтен (Ранквел). Летото 2008 година повторно се враќа во Македонија, во новиот прволигаш, Хоризонт од Турново. Во Турново останува 6 месеци, по што заминува за Италија. Летото 2009 година заминува во Швајцарија, каде ќе игра следните две сезони во Хур. Летото 2011 г. заминува во уште еден швајцарски клуб, Емс, каде ќе игра во следните три сезони, за на крајот да се врати во Хур, каде ќе ја заврши својата кариера.
Кариера
За репрезентацијата
- Настапи
- 4
- Голови
- 0
Настапи и голови за македонската репрезентација, според биографиите и книгата „ФК Беласица – гордоста на Струмица“.
Фотографии

Тони Бандулиев