
Тони Атанасов
- Играч
1991–2005
Биографија
Тони Атанасов, еден од најдобрите офанзивци во поновата историја на Беласица. Во Беласица има вкупно настапувано во 13 различни сезони, притоа забележувајќи 232 настапи на официјални натпревари, со што е дел од топ 12 играчи по бројот на настапи. За Беласица има постигнато 48 голови, со што е 12-ти стрелец на сите времиња.
Дебитира на само 16 години, пролетта 1991 г. против Рудар во Пробиштип. Во следната 1991/92 игра во Третата југословенска лига - исток и настапува на 25 натпревари и го постигнува својот прв гол против Ц. Ѕвезда од Гњилање.
Во првата сезона (1992/93) во независна Македонија игра на 20 натпревари. Во следната 1993/94 постигнува 3 голови на 23 натпревари. Во следните три сезони ќе игра на 68 натпревари и ќе постигне 4 голови.
Во сезоната 1997/98, со 12 гола, е најдобар стрелец на Првата македонска лига, а со шампионот Силекс постигнува два гола. Два гола дава и против Пелистер. Единствен струмичанец е што е бил најдобар стрелец во лигата во независна Македонија. Летото 1998 година го прави првиот трансфер во редовите на скопски Работнички. Игра една сезона во Работнички и летото 1999 г. се враќа пак во Беласица и помага во враќањето на Беласица во Првата македонска лига. Тој е капитен и прв стрелец на тимот со 23 голови, во таа 1999/2000, каде Беласица во нападот со Т. Атанасов, В. Георгиев, А. Стојков и Г. Пандев дава 116 голови на 30 утакмици. Следната сезона,2000/01, настапува за Саса од Каменица, заедно со С. Петковски и М. Начевски. Летото 2001 пак се враќа во Беласица и во сезоната 2001/02 со Беласица станува вицешампион.
Атанасов игра на 26 натпревари и постигнува 5 голови, со што е четврти стрелец во тимот зад Љ. Николиќ, Љ. Савиќ и З. Балдовалиев. Од овие 5 голови на Атанасов, најзначаен е победничкиот гол против Вардар во 90-тата минута, а одлучувачки се и неговите голови против Силекс и Цементарница. По 7 натпревари есента 2002 година, пролетта 2003 г. одида игра за Брегалница Делчево. Есента 2003 игра пак за Беласица, а пролетта 2004 година со Н. Танушев играат во Куманово. Сезоната 2004/05 година ја поминува во Турново, со кој игра во 1/2 на купот на Македонија и игра бараж за влез во Првата македонска лига. Есента 2005 г. го игра својот последен натпревар за Беласица, против Шкендија во Тетово. Потоа оди во Тиверија, со која игра бараж за влез во Втората македонска лига, во јуни 2006 година.
Летото 2006 година преминува во Нов Милениум од Сушица, каде ќе игра во следните две и пол сезони, до декември 2008 година. Кариерата ја завршува во 2010 година во Грција.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 232
- Голови
- 48
Фотографии

Тони Атанасов