Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Томе Стојанов

  • Играч

1976–1990

Биографија

Томе Стојанов, легендарно лево крило и лев бек на Беласица. Настапувал за Беласица во периодот од 1976 до 1990 година. Со вкупно 14 сезони во Беласица е само еден од 7-те играчи што играле минимум во 14 сезони за Беласица. Со 328 првенствени настапи се наоѓа на 5-тото место на вечната листа на Беласица по бројот на првенствени настапи. За Беласица постигнува 27 голови, со што е во топ 30 стрелци на Беласица во историјата.

Кариерата ја започнува во Струмешница од Дабиле во 1971 година, која се натпреварувала во Штипскиот потсојуз, каде игра две сезони, а една сезона поминува и во ЈНА (1972/73).

Во 1974 година преминува во Тиверија, која е во Првата македонска лига и одигрува две сезони и има 53 прволигашки настапи и постигнува 6 голови.

Во летото 1976 поминува во Беласица, а дебитира на утакмицата во Охрид, под водство на тренерот Гоце Петровски. Првиот гол го дава пролетта 1977 година против Тиквеш во Струмица. Ќе биде стандардно лево крило во наредниот период. Во втората сезона, 1977/78, постигнува 5 голови, со што е четврт стрелец на тимот зад Мадков, Стојков и Тасев. Со П. Андреев се повикани на крајот од сезоната да учествуваат во тимот на Првата македонска лига. Летото 1978 година во Беласица се враќаат: Истатов, Секулов и, Аљоков, Дрвошанов, Митев, со кои Беласица станува конкурент за титулата. Стојанов во есенската полусезона 1978 година е избран во А тимот според весникот „Вечер“, а во Б тимот на Првата македонска лига според „Нова Македонија“. Во 1978/79 има најмногу настапи за Беласица, 31 настапи, а Беласица е трета. Во сезоната 1979/80 Беласица пак е трета, со нападот во кој покрај Стојанов, се и: В.

Стојков, П. Андреев, Љ. Мафков и Н. Секулов. Во сезоната 1980/81 настапува на 27 натпревари (втор во тимот), а со 4 голови е трет стрелец на тимот. Сезоната 1981/82 е неговата најдобра сезона според бројот на постигнати голови, кога со 9 голови е втор стрелец на тимот. Во сезоната 1982/83, дава свој придонес со 22 одиграни натпревари во шампионската титула на Беласица во Првата македонска лига.

Во периодот од 1983 до 1987 година, игра на позицијата лев бек за Беласица во Втората југословенска лига - исток. Стојанов е еден од 11-те играчи (М. Василев, П. Андреев, К. Секулов, Р. Панов, З. Зајков, Г. Узунов, П. Блажевски, Б. Јовановски, Т. Георгиев и Б. Митев) што игра за Беласица на повеќе од 70 натпревари во Втората југословенска лига - исток.

Во сезоната 1987/88, станува шампион со Беласица во Првата македонска лига и настапува на 30 натпревари, а во квалификациите против Бокељ и Трепча ќе даде полн придонес за влез во единствена Втора југословенска лига.

Во Втората југословенска лига во сезоната 1988/89, игра на 20 натпревари, во одбраната најчесто составена од: М. Илиев, Г. Стојановски, Т. Георгиев, Т. Стојанов, М. Василев, Б. Беличев, М. Јовев и Р. Панов. Неговата последна сезона е 1989/90, кога Беласица игра во Третата југословенска лига - исток, а тој повторно ќе игра на позицијата лево крило. Последниот гол го дава против Бор во Струмица во декември 1989 г., а последниот настап ќе му биде во јуни 1990 година, повторно против Бор на гости со 37 полни години. Рекордер е по бројот на одиграни последователни полусезони во Беласица, вкупно 28 полусезони во период од 14 години (1976-1990). Ќе остане запаметен како голем борец, кој го остава срцето на теренот. Играч кој ѝ остана верен на Беласица до крајот на кариерата.

Кариера

Беласица

Настапи
328
Голови
27

Фотографии

  • Томе Стојанов