
Томе Шумаров
- Играч
1962–1971
Биографија
Томе Шумаров, легендарен одбранбен играч на Беласица од 60-тите години. За Беласица има 134 натпревари во Првата македонска лига во 8 сезони и постигнува 6 голови. Дебитира во сезоната 1961/62, кога Беласица е во Штипски потсојуз, за оваа негова 9-та сезона во Беласица немаме информации на колку од 18-те натпревари настапил. Во првата своја сезона, 1962/63, во Првата македонска лига, настапува на 11 натпревари на позицијата десен бек, како алтернатива за Д. Џорлев. Во сезоната 1963/64 настапува на 18 натпревари, а Беласица го освојува второто место во Првата македонска лига, зад Брегалница од Штип. Во летото 1964 година, по преминувањето на Т. Панов во Тиверија, го зазема централното место во одбраната на Беласица, која е во состав Комаров, М. Џорлев, Џртев, Трајков (Ефтимов), Шумаров (Сулејманов), Ризов.
Во следната сезона, 1965/66, игра на 22 натпревари и го дава својот прв гол против Маврово од Гостивар. Сезоната 1966/67 е неговата најдобра сезона, игра на сите 26 натпревари во првенството и постигнува 3 голови. Во сезоната 1967/68 игра на 13 натпревари, а одбраната е во состав: Костадинов (Истатов), Ќучуков (Д. Џорлев), Димитров (Камиларов), Дрвошанов (Ефтимов), Шумаров (Петровиќ), Трајков (Панчуров). Есента 1968 г. игра на 14 натпревари, па оди во ЈНА во следните 18 месеци. Се враќа во сезоната 1970/71, која ќе е неговата последна сезона. Шумаров во таа сезона настапува на 14 натпревари, а последен натпревар за Беласица му е во мај 1971 година, против Кожуф во Гевгелија. Заедно со М. Џидалов работеле во Водостопанство во Струмица и придонеле за освојување на многу фудбалски трофеи за претпријатието.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 134
- Голови
- 6
Фотографии

Томе Шумаров