Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Томе Семенков

  • Играч

1964–1969

Биографија

Томе Семенков, легендарен напаѓач на Беласица, Тиверија, Брегалница Штип и Работнички. За Беласица ќе игра 5 сезони, ќе настапи на 100 првенствени натпревари и ќе постигне 23 голови.

Потекнува од подмладокот на Беласица. Но, сениорската кариера ја започнува во Тиверија, каде настапува во сезоната 1963/64. Летото 1964 преминува во Беласица. Дебитира против КСК Куманово, септември 1964, на 18 години. Во истата сезона 1964/65 ќе е капитен на младинската екипа на Беласица, која ќе го освои купот на Македонија. Во следната сезона 1965/66, настапува на 23 натпревари и постигнува два гола против Борец од Велес. Во сезоната 1966/67 е втор стрелец на тимот со 8 голови, зад Ј. Петровиќ. Во следната 1967/68 постигнува 10 голови и пак ќе е втор стрелец на тимот. Летото 1968 година поминува во Работнички, каде ќе игра една полусезона. Во јануари 1969 пак се враќа во Беласица и ги игра сите 15 пролетни натпревари, притоа постигнувајќи 3 гола. Негов последен натпревар за Беласица, на кој и ќе постигне гол ќе е против Кожуф. Летото 1969 година преминува во Брегалница од Штип, каде ќе настапува во следните две и пол сезони. Пролетта 1972 се враќа во Струмица, но ќе игра за Тиверија. Тиверија ќе биде вицешампион на Брегалничкиот регион 1972 година и ќе игра квалификации за влез во Прва македонска лига. Тимот го сочинувале: Костадинов, Ќучуков, Митев, Вукшан, Маринов, Србаков, М. Карамучев, Пантазиев, Семенков, Б. Карамучев, Ашиков, Димитриев, Почек, Дробаров,... Во сезоната 1973/74 ќе игра на 5 натпревари за Тиверија во Првата македонска лига. На последниот свој натпревар (11.11.1973) со Љуботен од Тетово ќе постигне два гола и ќе биде играч на натпреварот. Потоа оди во ЈНА и ја завршува својата кариера.

По играчката кариера, останал во фудбалот, како спортски работник се до неговото пензионирање.

Кариера

Беласица

Настапи
100
Голови
23

Фотографии

  • Томе Семенков