Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Томе Пецев

  • Играч

1972–1981

Биографија

Томе Пецев е легендарен халф на Беласица, кој настапува во периодот од 1972 до 1981 година. Одигрува 162 првенствени натпревари и постигнува 8 голови, во 10 сезони. Дел е од познатата младинска генерација: Б. Георгиев, А. Грнчаров, В. Рингов, Љ. Мафков, В. Стоилов, И. Андреев, М. Кусиванов… Дебитира во првиот тим против Пелистер, во мај 1972 година, на 17-годишна возраст. Продолжува паралелно да настапува и за младинската екипа на Беласица и во следната сезона 1972/73. Пролетта 1975 г. одигрува 8 натпревари за првиот тим и го постигнува првиот свој гол против Овче Поле. Во следните три сезони (1975-78) игра стандардно на халфовската позиција, притоа настапувајќи на 91 натпревар. Во сезоната 1976/77 со 4 голови е четврт стрелец на тимот. Во сезоните 1978/79 и 1979/80 е дел од тимот (настапува на 35 натпревари) кој на два пати ќе го освојува третото место во Македонската лига.

Во 1980/81 е дел од моќната халфовската линија, составена од него, В. Дрвошанов, Р. Панов, И. Андреев и А. Мастев. Есенската полусезона 1981година е неговата последна, настапувајќи на 10 натпревари. Неговиот последен настап е против Саса од Каменица, во декември 1981 година. Заради повреда, принуден еда ја прекине својата кариера. Во сезоната 1992/93 е тренер на младинскиот тим на Беласица, кој го освојува првиот младински куп на Македонија.

Кариера

Беласица

Настапи
162
Голови
8

Фотографии

  • Томе Пецев