
Томе Николов
- Играч
1995–2001
Биографија
Томе Николов е поранешен играч на Беласица, Тиверија, Малеш и Турново. Ги поминува сите младински категории во Беласица. Дел е од тимот што ќе го освои младинскиот куп на Македонија, во 1993 година. Потоа оди во Тиверија и игра за неа во Втората македонска лига - исток. Летото 1995 година се враќа во Беласица и дебитира во првото коло против Слога Југомагнат. Во оваа сезона, 1995/96, одигрува 22 натпревари и постигнува два гола со Охрид и Саса. Во својата, втора сезона, 1996/97, станува стандарден првотимец и одигрува 24 натпревари покрај: Илиев, Стојановски, Костов, Даскаловски и Панов. И во сезоната кога Беласица испаѓа, Николов игра на 24 натпревари. Есента 1998 година заминуваат со Тренчовски и Георгиев во Малеш. Во јануари 1999 се враќа во Беласица и игра пролетната полусезона. Дел е од одбраната (игра на 24 натпревари повторно), на тимот на Беласица кој во сезоната, 1999/2000, ќе ја освои титулата и ќе се врати во Првата лига. По враќањето во Првата лига, Николов учествува во 9 натпревари во сезоната 2000/01, кога Беласица е четврта. Есента 2001 година ќе ги одигра своите последна два натпревари во дресот на Беласица против Цементарница и Куманово.
Вкупно за Беласица одигрува 110 првенствени натпревари во 7 сезони и постигнува 5 гола.
Следна дестинација му е второлигашот Турново, каде игра во следните три сезони. Со формирањето на Академија Пандев, во 2010 година, Николов во следните 10 години бил дел од тренерскиот тим, во младинските категории.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 111
Фотографии

Томе Николов