Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Томе Јанев

  • Играч

2007–2018

Биографија

Томе Јанев е поранешен фудбалер на Беласица, Брегалница од Штип, Кожуф, Силекс, Тиверија и Хоризонт. Јанев потекнува од младинската школа на Беласица. Дебитира за Беласица во март 2007 против Вардар од Неготино, на 17 години. Вкупно во својата прва сезона ќе одигра 6 натпревари. Во следната сезона 2007/08, Јанев ќе одигра 4 натпревари за Беласица. Јанев во 2009 и 2010 ќе настапува за Беласица на турнирот во Виареџо. Во сезоната 2009/10 ќе стане стартер во одбраната на тимот на Беласица, покрај Б. Коњарски, Б. Гуцев, М. Донев, Т. Василев,... Во оваа сезона Јанев ќе настапи на 17 од 26 натпревари во првиот состав. Во следната сезона, 2010/11, Јанев ќе одигра 21 натпревар, а ќе постигне и 1 гол против Влазними во Струга. Ќе ги одигра и првите два натпревари во август 2011 година за Беласица, пред да премине во Брегалница од Штип. По една сезона во Брегалница, оди во јули 2012 година во Кожуф. Во Кожуф ќе остане 6 месеци, по што ќе ја игра пролетната полусезона, 2013, за Тиверија, која ќе стане шампион во Третата македонска лига. Во јули 2013 година оди во Силекс, кој во сезоната, 2013/14, ќе успее да стане шампион на Втората македонска лига и да влезе во Првата македонска лига. Јанев ќе игра за Силекс во Првата македонска лига и ќе биде важна алка во тимот во освојувањето на 5-то место. Јанев за Силекс ќе одигра вкупно 45 натпревари во две сезони. Во летото 2015 пак се враќа во Кожуф и ќе одигра 18 натпревари во Втората лига за Кожуф. Во летото 2016 година, Јанев оди во Хоризонт, кој по 8 години во Првата лига ќе испадне во Втората македонска лига. Јанев ќе одигра 20 натпревари за Хоризонт. Летото 2017 година по втор пат оди во Брегалница од Штип. Јанев ќе одигра 11 натпревари за Брегалница Штип, пред во јануари 2018 година, по 6 и пол години, да се врати во својот матичен клуб. Беласица ќе стане шампион во Втората македонска лига, а Јанев ќе настапува за Беласица во Првата македонска лига. Во есенската полусезона, 2018 година, Јанев ќе игра на 5 натпревари, а последен е во ноември 2018 година, против Шкупи во Скопје. Заради дијагностицирана болест, Јанев ќе е принуден да ја прекине својата кариера. За Беласица ќе одигра 55 натпревари во 6 сезони и ќе постигне еден гол.

Кариера

Беласица

Настапи
55

Фотографии

  • Томе Јанев