Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Томе Ефтимов

  • Играч
  • Тренер

1950–1967

Биографија

Томе Ефтимов - Жонглер е една од најголемите играчки и тренерски легенди на Беласица на сите времиња.

Почнува во младинските школа на Беласица и во 1950 година игра полуфинале на купот на Македонија, во генерацијата со: В. Цветков, Р. Гошев, А. Трендов,... Поголемиот негов брат, Тимо Ефтимов, веќе игра за Беласица уште од 1948 година. Томе Ефтимов за сениорскиот тим на Беласица почнува да игра во 1951 година. Во сезоната 1954/55 го среќаваме во тимот на Беласица, кој игра во Прва македонска лига со браќата Панови, Вангелов, Цветков, Гошев,... Игра во квалификациите во 1956 година против Пелистер и постигнува гол. Во 4-тата зона, во сезоната 1956/57, игра 20 натпревари, а дава еден гол против Слобода од Ужице.

Пролетта 1959 игра во одбраната на Беласица покрај браќата Митко и Трајко Панов, Р. Гошев, Д. Џорлев и Т. Вангелов. Во сезоната, 1959/60, Ефтимов ги игра сите 24 натпревари, а во сезоната 1960/61 игра на 20 натпревари. Ефтимов во сезоната, 1961/62, е дел од тимот, кој успева со Беласица да го освои првото место во Штипски потсојуз. Во сезоната, 1962/63, ги игра сите 26 натпревари покрај Комаров, Д. Џорлев, Д. Џртев, М. Ризов и Т. Панов. Во сезоната, 1963/64, игра на 12 натпревари за тимот на Беласица, кога го освојува второто место во Првата македонска лига. Во сезоната, 1964/65, игра на 16 натпревари. Есента 1965 станува тренер на Беласица, но и игра 2 натпревари. Во сезоната, 1966/67, Ефтимов пак е стандарден и игра на 22 натпревари, а во одбраната игра покрај Трајков, Шумаров, Панчуров и Ќучуков. Есента 1967 ги игра последните 4 натпревари во дресот на Беласица, а последен му е против Балкан од Скопје. Пролетта 1970 година е тренер на Беласица заедно со Д. Циев. Тренер на Беласица е и во сезоната, 1970/71. Во сезоната, 1975/76, е помошен тренер на Беласица на Б. Јордановски, а потоа и на Г. Петровски, а го води тимот и на два натпревари. Помошник на Петровски и во сезоната, 1976/77. Крајот на 70-тите години го предводи Единство од Пиперево, во Источен регион. Во периодот од 1985 до 1988 година, три сезони е тренер на Тиверија и успева да ја внесе во Првата македонска лига во 1988 година. Долги години е тренер на младинските тимови на Беласица, а бил и тренер на Плачковица, Победа, Ударник, Пролетер.

Втор е по број на одиграни сезони во дресот на Беласица, веднаш зад Петар Андреев. Целата своја кариера ја поминува во Беласица и има 16 сезони во дресот на Беласица, а има одиграно и над 250 првенствени натпревари и со тоа е во топ 10 по број на натпревари на сите времиња.

Права легенда на Беласица, ментор на многу генерации струмички фудбалери.

Фотографии

  • February 4, 2024

    Црно-бел портрет на Томе Ефтимов во пругаст дрес

  • Томе Ефтимов