
Томе Аљоков
- Играч
1969–1979
Биографија
Томе Аљоков, легендарен играч од средината на теренот на Беласица, Тиверија и Победа Валандово. За Беласица има одиграно 126 првенствени натпревари во 6 сезони и има постигнато 18 голови.
Кариерата ја започнува во Тиверија. Игра во Тиверија во сезоната 1965/66 заедно со С. Вукшан, Д. Трендов, Н. Василев, Гошев, Витанов,... Ќе игра во Тиверија се до крајот на 1968 година, кога заминува во ЈНА. Се враќа од ЈНА напролет 1970 година и започнува со настапите во Беласица. Дебитира во април 1970 година против 11 октомври од Прилеп и ги одигрува последните 8 натпревари од сезоната 1969/70. Првиот гол го постигнува следната сезона, против Кожуф во 9-тото коло. Вкупно во сезоната 1970/71, одигрува 22 натпревари и постигнува 4 голови. Во сезоната 1972/73 одигрува 26 натпревари и постигнува 4 голови, како стандарден дел од офанзивниот дел од тимот: М. Георгиев-Шеки, Т. Аљоков, Б. Тасев, В. Рингов, Н. Секулов (Љ. Мафков). Сезоната 1973/74 е неговата најдобра сезона во Беласица, кога одигрува 29 натпревари и дава 5 голови (трет стрелец на тимот). Против ФЦУ дава два голови и добива чиста 10-ка. Во летото 1974 заминува во Победа од Валандово, заедно со Вукшан и Почек од Тиверија, а тренери ќе им се М. Џртев и Б. Ашиков. Ќе настапува 4 сезони во Победа. Покрај наведените играчи во следните сезони ќе им се приклучат и други Струмичани: Р. Данев, М. Карамучев и П. Бинев. Во летото 1978 година се враќа пак во супер тимот на Беласица во офанзивата со Шеки, П. Андреев, Н. Секулов, Љ. Мафков и Т. Стојанов. Во оваа сезона 1978/79, постигнува 5 голови. Последниот првенствен натпревар и гол го постигнува во мај 1979 година, против Победа од Валандово. Следната сезона, ќе настапи на пријателските натпревари, но нема да игра во првенството. Летото 1980 година се враќа во Тиверија и постигнува 6 голови во сезоната 1980/81, со што е четврт стрелец во тимот, зад А. Мишев, Р. Попов и Т. Балдовалиев. Есента 1981 година ги одигрува своите последни 5 натпревари за Тиверија, а во својот последен натпревар против Работник од Лозово, го постигнува и својот последен гол.
Во својата 17 годишна сениорска фудбалска кариера, секогаш бил важен дел од тимовите каде настапувал, главна движечка сила и креатор на акциите на својот тим.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 126
Фотографии

Томе Аљоков