Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Тоди Василев

  • Играч

2008–2011

Биографија

Тоди Василев е поранешен играч на Беласица и Хоризонт од Турново, а сегашен играч на Оберад. Тоди Василев ја започнува својата кариера во младинските категории на Беласица. Со младинската екипа на Беласица во 2009 и 2010 година ќе игра на купот во Виареџо, во Италија. Во оваа генерација, покрај Василев, ќе се: Ѓ. Танушев, Ф. Тимов, Ѓ. Марков, Т. Јанев, Б. Гуцев, Д. Стојанов,... Во сениорскиот тим на Беласица, ќе дебитира во сезоната, 2008/09, кога ќе одигра 16 натпревари и ќе постигне еден гол против Вардар од Неготино. Во сезоната, 2009/10, Василев ќе настапи на 14 натпревари во одбраната покрај: Т. Пандев, Б. Гуцев, М. Донев, Т. Јанев и Б. Коњарски. Во неговата последна сезона во Беласица, 2010/11, Тоди ќе одигра 25 натпревари, најмногу во тимот. Беласица ќе е на 5-то место во Втората македонска лига. Летото 2011 година преминува во прволигашот, Хоризонт од Турново, каде ќе остане три сезони. Со Турново во сезоната 2012/13, ќе го освои третото место во Првата македонска лига, а летото 2013 година ќе игра против Судува од Литванија и Хајдук. Во сезоната, 2013/14, со Хоризонт ја освојува и вицешампионската титула. Вкупно во Хоризонт ќе одигра 56 првенствени натпревари. Во есента 2014 година заминува за Германија, каде веќе ја игра 10-тата сезона во Оберад.

Тоди е син на поранешниот фудбалер на Беласица, од 90-тите години на минатиот век, Јован Василев.

Кариера

Беласица

Настапи
55
Голови
1

Фотографии

  • Тоди Василев