
Тимо Вангелов
- Играч
1950–1962
Биографија
Тимо Вангелов е поранешен фудбалер на Беласица од 50-тите години. Ги поминува младинските школи на Беласица и дел е од генерацијата, која во 1950 година ќе игра во полуфиналето на младинскиот куп на Македонија заедно со В. Цветков, Р. Гошев, Т. Ефтимов,... Потоа преминува во сениорскиот тим на Беласица. Есента 1952 година постигнува голови против Тиквеш и Вардар Неготино. Стандарден е во оваа сезона, 1952/53, кога Беласица успева, иако втора во Штипскиот регион, да влезе во новоформираната Прва македонска лига, за првпат во својата историја. Беласица игра две сезони во Првата лига. Вангелов е дел од тимот, кој во сезоната, 1955/56, ќе биде прв во Штипскиот регион, а во квалификациите го победуваат Пелистер, за влез во 4 зона, каде ќе игра против екипи од Србија и Косово. Во сезоната, 1956/57 игра во одбраната на 20 натпревари во 4 зона. Во одбраната игра заедно со: Р. Гошев, Т. Панов, С. Киров, А. Трендов и Т. Ефтимов. Беласица испаѓа од лигата и во сезоната, 1957/58, Беласица игра пак во Штипски потсојуз. Вангелов пак е дел од носителите на играта и Беласица ќе е прва, но во квалификациите против Караорман, не успеваат да влезат во Втора југословенска лига. Вангелов игра за Беласица во сезоната 1958/59, во Првата македонска лига. Во сезоната 1959/60, игра на 23 натпревари и постигнал 2 гола. Во одбраната покрај него се и: Р. Гошев, Стоилков, М. Џорлев, Т. Ефтимов и Т. Панов. Во сезоната, 1960/61, Вангелов игра на 20 натпревари, Беласица е осма, но сепак испаѓа. Вангелов е капитен и на тимот. Во сезоната, 1961/62, Вангелов игра во тимот на Беласица, кој ќе биде прв во Штипски потсојуз. Последниот натпревар, Вангелов го игра есента 1962 година.
Вангелов заедно со В. Цветков, Д. Панов, Т. Панов, Т. Ефтимов, Р. Гошев,... е дел од првата успешна легендарна генерација, кои ќе играат над 10 години и ќе го постигнат најголемиот успех до тој период, со пласман во 4-тата југословенска зона.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 120–135
Фотографии

Тимо Вангелов