Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Стојан Киров - Припо

  • Играч

1950–1960

Биографија

Стојан Киров - Припо е поранешен играч на Беласица и Тиверија од 50-тите години на минатиот век. Стојан Киров бил дел од генерацијата на Беласица, што во 1950 година била меѓу најдобрите четири екипи во Македонија. Во јуни 1950 година, Киров дебитирал за првиот тим на Беласица, во натпреварот на Беласица против Локомотива во Гевгелија. Во јули 1950 гпдина го дава и својот прв гол против Ударник од Пирава. Киров е десен бек на тимот на Беласица, кој во сезоната 1952/53 го освоила второто место и се пласирала во новоформираната Македонска лига. Во сезоната 1953/54, игра на бековските позиции на Беласица заедно со Ѓ. Панов, во Македонската лига.киров е дел од тимот што се изборува Беласица да се пласира во Четвртата фудбалска зона. Киров е стандарден во одбраната на Беласица, покрај Т. Вангелов, Т. Панов и Т. Ефтимов. Киров одигрува вкупно 22 натпревари во сезоната 1956/57. Во следната 1957/58, Киров е капитен на тимот на Беласица, кој станува шампион во Штипски шотсојуз. Во сезоната, 1959/60, Киров одигрува само 3 натпревари за Беласица во Првата македонска лига. Есента 1960 година одигрува 4 натпревари за Беласица, а негов последен натпревар му е против Работник од Битола. Киров одигрува 11 сезони во првиот тим на Беласица, пред да премине во Тиверија. Во Тиверија ги игра своите последни сезони во Штипски потсојуз, настапувајќи заедно со: Б. Ашиков, М. Џидалов, Д. Трендов,...

Кариера

Беласица

Настапи
80–90

Фотографии

  • Стојан Киров - Припо