
Стеве Грнчаров
- Играч
1972
Биографија
Стеве Грнчаров е легендарно лево крило на Беласица, Тиверија и Тетекс. Роден е во Струмица, во 1952 година. Поминува низ младинските школи на Беласица. Во сезоната, 1970/71, Грнчаров настапува во Тиверија, заедно со Нико Секулов, Д. Гошев, Б. Србаков, М. Почек,... Грнчаров постигнува два гола против Торпедо од Кочани, а стрелец е на голови против ЗИК Ерџелија и Малеш во рамките на Штипскиот потсојуз. Во сениорскиот состав на Беласица дебитира во март 1972 година, под раководство на Б. Роксандиќ. Прв негов натпревар е против ФЦУ во Скопје. Првиот гол го постигнува против Караорман во Струга. Последен натпревар во дресот на Беласица е против Овче Поле во Струмица, во јуни 1972 година. На 10 натпревари во Беласица, има постигнато еден гол. Во оваа полусезона во Беласица, во нападот игра покрај: В. Рингов, Н. Секулов, Б. Тасев, Р. Данев, Шеки,...
Летото 1972 година, ја напушта Беласица. Летото 1973 година е регистриран во Тетекс од Тетово, кој во тој период заедно со Вардар и Победа Прилеп се трите најдобри клуба во Македонија. Грнчаров станува легенда на Тетекс, играјќи за оваа екипа 11 сезони. Грнчаров во овој период е синоним за Тетекс, најдобар играч и предводник на тимот. Во Тетекс, во овој период доаѓале и други Струмичани: голманот Б. Георгиев, М. Георгиев - Шеки, П. Бинев, В. Рингов и Н. Секулов. Во сезоната, 1980/81, Тетекс станува шампион на Втората југословенска лига - исток и влегува во Прва југословенска лига. Грнчаров во овој период е често цел на Вардар, но исто така и на клубови од Франција. Грнчаров во Прва југословенска лига одигрува 18 натпревари и постигнува 3 гола. Фудбалската кариера ја завршува, 1984 година, на свои 32 години, во дресот на Тетекс.
Фотографии

Стеве Грнчаров