Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Стефан Сулев

  • Играч

2015–2025

Биографија

Стефан Сулев е еден од симболите на денешна Беласица, кој игра во редот за врски на Беласица веќе 10-та сезона по ред. Досега има одиграно 235 првенствени натпревари и постигнато 22 гола.

Својата кариера ја почнува во својот роден град, Гевгелија, во младинските категории на Кожуф, а во 2007 година влегува во првиот тим на Кожуф. Ќе игра три сезони во Кожуф, притоа во првата сезона (2007/08) Сулев со Кожуф станува шампион на Третата македонска лига - југ. Во следната сезона Сулев е дел од тимот на Кожуф, што ќе игра во Втората македонска лига. Неговите добри игри ќе бидат забележани од прволигашот Хоризонт од Турново, кој во летото 2010 година ќе го до не се во своите редови. Во август 2010 година, на своја 21 година, дебитира во Првата македонска лига, против тогашниот шампион, Ренова. Во сезоната 2010/11 година со Турново го освојува 6 место. Во Турново ќе одигра две сезони во Првата македонска лига, каде во тимот ќе игра покрај: Димовски, Ташев, Милушев, Митрев, Петров, П. Стојанов, Ал. Стојанов, Ц. Чурлинов, Д. Георгиев…

Летото 2012 година преминува во ФК Миравци (кој од 2014 година е преименуван во Кожуф), каде ќе остане сѐ до 2015 година и сите три години ќе игра во Втората македонска лига. Во последните две сезони во овој тим игра на 55 натпревари. Летото 2015 година преминува во Беласица. Во сезоната 2016/17, на 24 натпревари постигнува 8 гола и ѝ помага на Беласица да стане шампион на Третата македонска лига-исток. Во оваа сезона е четврти стрелец, зад Б. Мариќ со 38, М. Костовски со 28 и К. Аломеровиќ со 15 гола. Во сезоната 2017/18 е шампион на Втората македонска лига -исток, а Сулев на 24 натпревари постигнува 3 гола. Во 2018 година дебитира со Беласица во Првата македонска лига, против Победа во Прилеп. Одигрува 28 натпревари во оваа сезона, а со Беласица стигнува до полуфиналето на купот.

Во сезоната 2019/20, Беласица во скратената сезона станува шампион во Втората македонска лига и пак се враќа во елитата, а Сулев одигрува 14 натпревари. Во сезоната 2020/21, во Првата македонска лига, Сулев ќе одигра 28 натпревари и ќе постигне два гола против Борец од Велес и Академија Пандев, но Беласица испаѓа. Беласица во сезоната 2021/22 се изборува за бараж против Скопје, а Сулев оваа сезона постигнува 5 гола. Во последните три сезони со Александар Милушев се двајцата најискусни натпреварувачи, кои ја држат Беласица во средината на второлигашката табела.

Кариера

Беласица

Настапи
261
Голови
22

Фотографии

  • Стефан Сулев