Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Стефан Петковски

  • Играч
  • Тренер

1993–2012

Биографија

Стефан Петковски е легендарен дефанзивец на Беласица, Силекс, Малеш, Саса, Куманово, Башкими, Брегалница Штип и Брегалница Делчево, Турново, Тиверија и неколку грчки клубови од Крит и Солун.

Петковски за Беласица има одиграно 119 натпревари во 9 сезони.

Петковски ги поминува сите младински категории на Беласица. Младинската екипа на Беласица во состав со: С. Петковски, Т. Атанасов, В. Георгиев, П. Стојанов, П. Ристевски,... го освојува првиот куп на Македонија, победувајќи го Пелистер со 5:3. Дебитира во јуни 1993 против Вардарски во Струмица, на 17 години. Во сезоната 1993/94 игра на 7 натпревари, а веќе во сезоната 1994/95 станува стандарден првотомец и игра на 21 натпревар. По одигрувањето на 8 натпревари есента 1995, заминува во АРМ. Сезоната 1996/97 игра на 16 натпревари. Есента 1997 година ги игра сите 13 натпревари како стартер и заминува во јануари 1998 во Силекс. Со Силекс ја освојува оваа сезона титулата, а во тимот е и И. Ѓузелов. Сезоната 1998/99 ја поминува во Силекс и игра за прв пат и во квалификациите за Лигата на шампионите, пред летото 1999 да премине во Малеш од Берово заедно со В. Георгиев. По 6 месеци заминува во Саса, каде ќе игра една и пол сезона. Летото 2001 година се враќа во Беласица и игра во есенската полусезона на 8 натпревари и постигнува еден гол против Работнички. Зимската полусезона заминува Куманово, каде ќе игра 6 месеци, по што ќе замине да игра во Брегалница Штип уште 6 месеци. Пролетта 2003 заедно со В. Георгиев и Т. Атанасов игра во Брегалница од Делчево. Следните три сезони (2003-2006) ќе ги помине во Башкими со кој ќе го освои купот на Македонија и ќе игра во купот на УЕФА. Летото 2006 година, оди со В. Георгиев во Турново, по што заминуваат во Грција на Крит. Пролетта 2008 година се враќа пак во Беласица и ќе одигра 8 натпревари. Летото 2008 година оди по втор пат во Грција, каде ќе игра во Солун се до декември 2010. Јануари 2011 година, се враќа пак во Беласица и ќе одигра 13 натпревари во пролетната полусезона. Сезоната 2011/12 е негова последна сезона во Беласица ќе настапи на 24 натпревари и ќе биде капитен на екипата. Летото 2012 година оди во Тиверија, кога ќе биде и играч и тренер во следните 6 месеци. Потоа оди во Василево,каде ќе ги одигра последните 6 месеци од неговата играчка кариера. Пролетта 2015 станува тренер на екипата на Беласица и ја освојува титулата во Третата Македонска лига - Исток.

Успешна кариера, која траеше 21 сезона и со освоена една титула шампион со Силекс и куп со Башкими, настапи во европските натпреварувања, но исто така и младински куп со Беласица, а и младински репрезентативец до 21 година.

Капитен е на Беласица во победата од 4:0 против Охрид во април 2012 г.

Кариера

Беласица

Настапи
119

Периоди

Тренер
2014–2015

Фотографии

  • Стефан Петковски