Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Спасо Танев

  • Играч

1988–1999

Биографија

Спасо Танев е долгогодишен фудбалер за врска на Беласица, а игра и во Победа Валандово, Пелистер, Плачковица, Тиверија и Турново. Танев одигрува 163 натпревари за Беласица во 8 различни сезони со постигнати 7 голови. За Беласица дебитира на натпреварот против Сутјеска во Струмица, во септември 1988 г., на 17 години. Оваа сезона,1988/89, ќе настапи на вкупно 10 натпревари. Следната сезона,1989/90, станува стандарден првотимец и игра во Третата југословенска лига - исток, на 26 натпревари во офанзивниот ред. Во сезоната 1990/91 игра на 30 натпревари и со 3 голови е четврт стрелец на тимот. Првиот свој гол го дава против ФЦУ од Скопје. Во сезоната 1991/92 игра на 14 натпревари, а следната сезона настапува на 25 натпревари. Летото 1993 г. преминуваат во Победа Валандово, каде игра две сезони.

Во сезоната 1994/95 со Победа Валандово станувашампион на Втората македонска лига - исток, играјќи во средниот ред со З. Зајков и В. Костов. Потоа преминува во Пелистер од Битола, заедно со Т. Ефтимов и Н. Танушев, каде игра во сезоната 1995/96. Потоа игра и во Плачковица од Радовиш. Летото 1997 година се враќа во Беласица. Оваа сезона, 1997/98, игра на 25 натпревари и дава еден гол против Борец. Беласица испаѓа, а Танев ќе е еден од ретките искусни играчи кој ќе остане во Беласица да игра во Втората македонска лига, настапувајќи на 25 натпревари. Следната полусезона, есента 1999 година, е последната негова во дресот на Беласица. Игра на 8 натпревари, а последниот негов натпревар му е против Јака од Радовиш во ноември 1999 година. Во јануари 2000 година оди во Тиверија, каде одигрува 13 натпревари во таа полусезона. Следната сезона игра за Тиверија, во Третата македонска лига - исток.

Летото 2001 година оди во Турново, каде ќе игра две сезони. Летото 2003 година пак се враќа во Тиверија, одигрувајќи уште две сезони.

Кариера

Беласица

Настапи
163
Голови
7

Фотографии

  • Спасо Танев