
Славко Џорлев
- Играч
- Тренер
1952–1966
Биографија
Славко Џорлев, легендарен играч на Беласица, Тиверија, Вардар Скопје, Брегалница Штип и Работнички. Познат по својот топовски удар и стрелец на многу евроголови.
За Беласица има настапувано 5 сезони, одиграно околу 75 првенствени натпревари (ни фалат неколку извештаи од сезоните 1952/53 и 1953/54) и постигнато околу 25 голови.
Настапува за младинската екипа на Тиверија во 1952 година. Летото 1952, преминува во Беласица и на 17 години ја започнува својата сениорска кариера. Првиот свој гол за Беласица го дава во сезоната 1952/53 против екипата на Црвена Звезда од Титов Велес, а дава гол и со Овче Поле. Следната сезона, 1953/54, за прв пат Беласица влегува во Првата македонска лига во својата историја. Славко Џорлев постигнува 5 голови (ни фалат неколку извештаи од натпревари) и е втор стрелец на тимот, зад Кочо Ќосев со 8. Со Работнички постигнува два голови. Летото 1954 пак се враќа во Тиверија. Пролетта 1956 за прв пат настапува за Брегалница од Штип. По добрите настапи, заминува во Вардар од Скопје, кој настапува во Првата југословенска лига. Следните три години ги поминува во Скопје, каде игра и студира. Во сезоната 1956/57 настапува на 9 лигашки натпревари, помага Вардар да го освои 10-тото место во Југославија. Во тимот е центарфор, Андон Дончевски, првиот македонски селектор. Настапува една сезона и за Работнички од Скопје (1957/58). Во сезоната 1958/59 настапува пак за Вардар на 5 натпревари во Првата југословенска лига. Во летото 1959 година заминува во Брегалница од Штип и следните три години е најдобар играч на тимот. За овие три сезони постигнува над 20 голови и во Штип овој период (1959-1962) се вика "периодот на Славко Џорлев". Настапува и на неколку натпревари во сезоната 1962/63, по што ја прекинува привремено својата кариера. Пак се реактивира пролетта 1965 во дресот на Беласица, која ја водел Никола Божиќ. Во првиот натпревар за Беласица по пауза од 11 години, игра против КСК Куманово и постигнува гол. Во 13 натпревари дава 3 голови. Следната 1965/66 сезона, С. Џорлев е прв стрелец на тимот со 11 голови, постигнати на 21 натпревар. Есенската 1966 полусезона ќе биде последна негова сезона во кариерата. Ќе игра на 9 натпревари и ќе даде 3 гола и тоа сите против Работник од Битола. Последен негов натпревар е во декември 1966 година против Борец од Титов Велес. На 31 полна година ја завршува својата кариера.
С. Џорлев во сезоната 1972/73 година ќе ја предводи Беласица на 20 натпревари, како главен тренер. Додека пак, во сезоната 1975/76 од 10-то коло ќе ја предводи Тиверија во Првата македонска лига.
Неговиот син, Никола Џорлев настапува за Беласица на 4 првенствени натпревари во сезоната 1977/78. Потоа заминува во Скопје, каде студира медицина и игра за Јукококта.
* Податоците за кариерата на С. Џорлев во ФК Вардар и ФК Брегалница се од книгите издадени од овие два клуба. Му благодарам на Ристо Секулов, што ми овозможи достап до нив.
** Првите две фотографии на С. Џорлев се од архивата на М. Џорлев и А. Трајков - Чанда.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 76–80
Периоди
- Тренер
- 1972–1973
Фотографии

July 15, 2023
Славко Џорлев како млад фудбалер, од архивата на М. Џорлев и А. Трајков - Чанда