Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Славчо Васков-Пинда

  • Претседател

2015–

Биографија

Славчо Васков - Пинда е актуелен претседател на ФК Беласица, кој раководи со клубот од март 2015 година. Тој е претседател што има најмногу години стаж како претседател на Беласица.

Васков како млад тренира одбојка, а потоа ќе биде и успешен кик боксер. Од 2006 година е присутен на стадионот „Младост“, отварајќи ја теретаната во подтрибинскиот простор. Во март 2015 година го презема клубот од Петар Мишовски, кога клубот се натпреварува во Третата лига - исток. Во првата сезона, како претседател клубот игра бараж, но не успева да влезе во Втора лига. Во сезоната 2016/17, Беласица успева да го освои првенството и да влезе во Втората лига - исток, по пет години пауза. Васков летото организира прослава, 95 години Беласица и е издадена книга по повод тој јубилеј.

Пинда составува добар тим за сезоната 2017/18, кој и во Втората лига - исток, супериорно ќе го освои првото место, предводен од Раде Цицмиловиќ, а како прв стрелец на екипата е Пепи Георгиев. По смртта на Благој Истатов во 2018 година, стадионот во чест на струмичката голманска легенда, го добива името стадион „Благој Истатов“.

Во сезоната 2018/19, Пинда како претседател го создава можеби и најсилниот тим на Беласица од 2003 година. Во тимот се вратени поранешните играчи: Зоран Балдовалиев, Душан Савиќ, Александар Милушев, и заедно со засилувања како Вујчиќ и голманот Вујанац, тимот успева да дојде до полуфиналето на македонскиот куп. Но, за жал во првенството испаѓа и покрај добрите игри во поголем дел од првенството.

Веќе во следната сезона 2019/20, на чело со новото засилување Мирчевски, Беласица води во првенството, кога е прекинато заради ковид пандемијата. Беласица е прогласена за првак и тимот пак се изборува за влез во Прва македонска лига. Но, во сезоната 2020/21, Беласица не успева да опстане и пак испаѓа во Втората лига. Во следната сезона, Беласица под водство на претседателот Пинда пак создава силен состав, кој се изборува за бараж. Во баражот, Беласица губи од Скопје.

Славчо Васков - Пинда успеа во овие девет години како претседател, Беласица да ја врати два пати во Прва лига и да игра полуфинале на македонскиот куп и повторно Струмичани да бидат горди на Беласица.

Кариера

Периоди

Раководство
2015–

Фотографии

  • околу 2025

    Славчо Васков-Пинда