Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Слаѓан Краљевски

  • Играч

Биографија

Слаѓан Краљевски е поранешен голман на Беласица, Тиверија, Куманово, Плачковица, Победа и 11 Октомври Прилеп, Силекс, Гоблен Куманово, КСЦ Тесла и КСЦ Македонија од Диселдорф.

Кариерата ја започнува во ФК Куманово првин во младинските категории, а потоа и во сениорска конкуренција. Летото 2005 година преминува во Беласица. Ќе дебитира за Беласица во Првата македонска лига против Работнички во Скопје, а ќе брани и против Силекс и Шкендија. Во зимскиот преоден рок преминува во Тиверија, каде заедно со Б. Тимов ќе го сочинуваат голманскиот тандем на Тиверија. Тиверија ќе е шампион на Третата македонска фудбалска лига - исток во сезоната 2005/06, но во баражот ќе изгубат од Илинден. Летото 2006 година преминува во Победа од Прилеп и со оваа екипа ја освојува шампионската титула. Летото 2007 година се враќа во Беласица и ќе брани на 18 првенствени натпревари, а покрај него тука се и Т. Пандев и Р. Митев. Беласица губи во баражот од Силекс 0:2, иако Краљевски ќе е солиден на голот. Летото 2008 година заминува од Беласица и преминува во Силекс. Но, по 3 години, летото 2011 пак ќе се врати во Беласица. Краљевски ќе брани на 23 натпревари вкупно во сезоната 2011/12, но нема да може да и помогне на Беласица, да го задржи второлигашкиот статус. Ќе брани за Беласица и во сезоната 2012/13, кога тимот за прв пат ќе игра во Третата лига. Во сезоната, 2013/14, Краљевски брани на 22 натпревари за Беласица и помага во освојувањето на шампионската титула во Третата македонска лига-исток. Но, Беласица, не успева во баражот против Вардар Неготино, кој е и последен натпревар за Краљевски за Беласица. За Беласица има брането на над 80 првенствени натпревари во 5 сезони. Летото 2014 година преминува во Плачковица, каде ќе брани на 19 натпревари. Летото 2015 година заминува во Прилеп, каде ќе брани во есенскиот дел на 10 натпревари, за екипата на 11 Октомври. Во јануари 2016 преминува во екипата на Гоблен јуниор во своето родно Куманово и следните сезони ќе брани во оваа екипа. Сезоната, 2018/19, ќе е негова последна сезона во Македонија, кога ќе брани на 22 натпревари за Гоблен во Втората македонска лига - запад. Летото 2019 година заминува во Германија, каде ќе брани во српскиот клуб од Дизелдорф, КСЦ Тесла, а последната сезона 2023/24, брани за КСЦ Македонија во Диселдорф, а воедно е и помошен тренер.

Кариера

Беласица

Настапи
95–99

Фотографии

  • Слаѓан Краљевски