Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Шефки Арифовски

  • Играч
  • Тренер

Биографија

Шефки Арифовски е поранешен тренер на Беласица, Хоризонт, Малеш, Слога, Борча, Кожуф, Академија Пандев, Младата репрезентација на Македонија,... Роден во Берово и таму ќе игра долги години, како фудбалер во Малеш од Берово. По завршувањето на играчката кариера, формира своја младинска школа во Берово. Потоа, станува и тренер на Малеш од Берово, со кој во 1999/2000, се натпреварува во Втората македонска лига. Арифовски ќе ја предводи и младата репрезентација на Македонија. Периодот од 2001 до 2005 го поминува во тимот на Слога Југомагнат. Во 2005 година, во септември е назначен за тренер на Беласица и ја води во есенскиот дел од сезоната 2005/06, кога Беласица го губи прволигашкиот статус. Во 2006 година ја добива УЕФА лиценцата, како дел од првата македонска тренерска генерација. Арифовски е тренер на Хоризонт од Турново, во есенскиот дел од сезоната 2007/08, кога Турново, по многу години борба, конечно ќе се избори за влез во Првата македонска лига. Во 2008 година е назначен за главен тренер на Кожуф. Сезоната 2009/10, ја поминува лкако тренер на тимот на Борча, кој игра во Првата фудбалска лига на Србија, а во тимот ќе го има познатиот црногорски репрезентативец, Стафан Савиќ. Во 2010/11 ќе биде тренер на Хоризонт од Турново, кој се натпреварува во Првата македонска лига. Арифовски ја предводи Беласица, во сезоната, 2011/12, но за жал оваа сезона Беласица се судира со тешка финансиска ситуација и тимот и покрај солидниот играчки кадар: В. Георгиев, П. Стојанов, С. Петковски, Ал. Стојанов,...го губи второлигашкиот статус. Во 2012 година е назначен за тренер на второлигашот, Миравци. Во сезоната, 2013/14 е помошник тренер на Хоризонт, кога оваа екипа игра во купот на УЕФА со Судува и Хајдук, а ќе ја освои и вицешампионската титула на Македонија. Ова е генерацијата на: Д. Блажевски, З. Балдовалиев, Д. Митрев, М. Ташев, С. Димовски, А. Милушев,... Во сезоната, 2014/15 е главен тренер на Хоризонт, со кого пак ќе игра во купот на УЕФА. Во Хоризонт од Турново останува до есента 2017 година, кога овој тим се откажува од Втората македонска лига. Потоа, заминува во екипата на Академија Пандев, каде ќе има големи успеси со младинските категории (шампионска титула со генерацијата 2002, во сезоната 2018/19) на овој тим и ќе биде во оваа екипа во периодот од 2018 до 2020 година. Летото се приклучува во стручниот штаб на Беласица. По 6 кола, ја презема екипата на Беласица, од Ване Милков и ќе ја води во есенскиот дел од првенството на Првата македонска лига. Тој ќе биде назначен за главен тренер на Беласица од последните три претседатели на Беласица (Таковски, Мишевски и Васков). Во пролетниот дел од сезоната 2020/21, ќе биде помошник на Јовановски и Чернишев. За последен пат, ќе биде назначен за главен тренер на Беласица, летото 2022 година и ќе го предводи тимот на Беласица во првите 6 натпревари, а потоа тимот ќе го превземе Благој Гуцев.

Голема тренерска кариера има Шефки Арифовски, пред се помината во тимот на Беласица и Хоризонт.

Фотографии

  • March 17, 2024

    Портрет на Шефки Арифовски во спортска јакна