Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Сашко Пандев

  • Играч

2003–2006

Биографија

Сашко Пандев е поранешен играч на Беласица, Динамо од Загреб, Интер Запрешиќ, Меџимурје, Работнички, Хоризонт, Муган, Ренова и Академија Пандев.

Пандев ги поминува сите младински категории во Беласица, а ќе биде и репрезентативец на Македонија до 17, до 19 и до 21 година. За првиот тим на Беласица дебитира во мај 2003 година, на свои штотуку наполнети 16 години, против Брегалница од Делчево. Веќе на својот четврт натпревар против Работнички во Скопје, го постигнува својот гол. Во оваа прва негова сезона одигрува вкупно 7 натпревари. Во следната сезона, 2003/04, ќе одигра 14 натпревари и ќе постигне 2 гола. Сезоната 2004/05 е сезона на негова афирмација, ќе биде втор стрелец на тимот со 7 гола на 28 натпревари. Во офанзивата игра со: А. Стојановски, Г. Стојановски, Д. Савиќ, М. Али и М. Гроздановски. Есента 2005 година игра на првите 8 натпревари и постигнува 3 гола, по што заминува во Динамо од Загреб. Во дресот на Беласица, во 4 сезони одигрува вкупно 57 натпревари и постигнува 13 гола. Во сезоната 2006/07, настапува на 10 натпревари за Динамо од Загреб, а постигнува и 1 гол. Оваа сезона е дел од тимот, кој освојува дуплата круна, а меѓу другите соиграчи му се: Л. Модриќ, Едуардо, В. Чорлука,... Летото 2007 година оди на позајмица во Интер од Запрешиќ и игра на 13 натпревари, а пролетта 2008 игра за Меџимурје. Во сезоната 2008/09, се враќа во Македонија во екипата на Работнички и го освојува купот на Македонија. Сезоната 2009/10 игра за Хоризонт од Турново во Првата македонска лига. Летото 2010 повторно оди во странство во екипата на Муган од Азербејџан. Летото 2011 се враќа во Хоризонт, за да во јануари 2012 оди во Ренова и со нив го освои својот втор куп на Македонија. Во јули 2013 година се враќа по трет пат во Хоризонт од Турново. Ќе постигне и гол против Хајдук во купот на УЕФА, а во сезоната 2013/14 ќе биде и вицешампион на Македонија. Во Турново останува до 2016 година, кога Хоризонт испаѓа во Втора лига. Во Хоризонт одигрува 4 и пол сезони и настапува на 125 прволигашки натпревари и постигнува 29 гола. Летото 2016 година, преминува во Академија Пандев, клубот на неговиот славен брат, Горан Пандев. Со Академија Пандев во сезоната 2018/19 го освојува својот трет трофеј во купот на Македонија. Во сезоната 2021/22, со Академија Пандев станува вицешампион на Македонија. Негов последен натпревар во кариерата му е против Македонија од Ѓорче Петров, во септември 2022 година, на негови 35 години. Во Академија Пандев на 120 прволигашки првенствени натпревари постигнува 7 гола. Вкупно има настапувано во 21 сезона, од кои повеќе од 14 во клубови од струмичкиот регион.

Кариера

Беласица

Настапи
57

Фотографии

  • Сашко Пандев