
Сашко Димов
- Играч
2004–2008
Биографија
Сашко Димов е поранешен фудбалер на Беласица, Тиквеш, Силекс, Вардар, Брегалница, Напредок Кичево и Македонија Ѓорче Петров. Потекнува од младинската школа на Тиквеш. Во сезоната, 2003/04, Тиквеш испаѓа од Првата македонска лига. Димов во сите три натпревари против Беласица одигрува одлично. Во летото 2004 година, Димов заедно со Г. Стојановски и М. Мицков од Тиквеш преминуваат во Беласица. Со полни 27 години, С. Димов ќе дебитира за Беласица против Маџари, во август 2004 година и веднаш ќе стане столб на одбраната на Беласица. Во сезоната 2004/05 и ќе одигра најмногу натпревари за тимот, вкупно 32 натпревари, исто колку и А. Стојановски. Беласица на крај ќе заврши на 7-мо место и тоа е последна сезона,кога Беласица играла во Прва лига, а да не испадне. Првиот гол за Беласица, ќе го даде против Башкими, есента 2005 година. И во сезоната, 2005/06, Димов одигрува најмногу натпревари за Беласица, вкупно 31, пред Д. Савиќ со 27 и Д. Стојков и В. Николов по 26. Беласица испаѓа, но неговите добри игри го однесуваат во екипата на Силекс, во летото 2006 година. По една и пол сезона во Силекс, во јануари 2008 година, пак се враќа во Беласица и ќе одигра 9 натпревари. Вкупно во дресот на Беласица во 3 сезони одигрува 72 натпревари и постигнува 1 гол. Неговиот последен натпревар за Беласица, ќе го одигра во баражот за влез во Првата македонска лига, против Силекс, кога Беласица губи 0:2. Летото 2008 година преминува во екипата на Напредок од Кичево.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 72
- Голови
- 1
Фотографии

Сашко Димов